• вторник, 18 јуни 2024
МИА Најави МКД
25 мај 2021  Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Работилница за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците. (Сала на Уставна комисија/11:00) Приштина - Заменик - претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во работна посета во Република Косово, каде ќе се сретне со министерката за трговија, претриемништво и индустрија, Розета Хајдари (09:00), по што ќе учествува на регионалната економска конференција „Економско влијание и последици од кризата“ (хот. „Емералд“/10:30). Варшава - Министерот за надворешни работи Бујар Османи во работна посета на Република Полска, каде ќе се сретне со својот домаќин, министерот за надворешни работи, Збигњев Рау. Скопје - Командантот на силите на САД за Европа и Африка, генерал Кристофер Каволи во официјална посета на Република Северна Македонија. Скопје - Јавна дебата на тема „Уредување на правниот статус на бесправно изградените објекти“ во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата. (https://zoom.us/j/96343163574?pwd=bWVZTlhQZGxGaHlNdmk0dE92WWRyZz09/12:30)
Скопје - Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу и генералниот директор на МЕПСО, Куштрим Рамадани ќе присуствуваат на промоција и пуштање во употреба на 19 нови смарт табли. (ООУ „Исмаил Ќемали“/11:00)
Скопје - Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев ќе даде изјава по повод почнувањето на еколошката акција во чии рамки, комуналните служби на општината ќе засадат висококвалитетни дрвја во повеќе населби низ локалната самоуправа. (Карпош 2, во близина на детското игралиште, ул.„Никола Тесла“ /12:00) 
Скопје - Македонскиот институт за медиуми ќе ги додели новинарските награди „Никола Младенов 2020“. (х. „Александар Палас“/12:00)
Скопје - Прес-конференција на босанскиот истражувач Семир Османагиќ, кој ќе ги презентира резултатите од истражувањата и енергетските мерења на најзначајните македонски праисториски мегалитни локации. (Дом на култура „Кочо Рацин“/10:00)  
__________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан