• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави - МКД
30 јуни 2021  Скопје - Собранието на Р.Северна Македонија ќе ја одрджи 45 седница. (Сала „Македонија“/12:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/10:30) Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 6/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за локална самоуправа. (Сала 6/12:30) Скопје - Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се обрати на свеченото промовирање на првата генерација на апсолвенти на Универзитетот „Мајка Тереза“. (Плоштад „Скендербег“/11:00) Скопје - Членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците, ќе остварат работна средба со Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка. (Сала 10/11:00) Загреб - Претседателот Стево Пендаровски ја почнува дводневната официјална посета на Хрватска. 10:00 Церемонија на официјален пречек од страна на претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ и неговата сопруга, Сања Мушиќ Милановиќ, со државни и воени почести; 10:15-10:45 Тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Милановиќ; 10:50-11:30 Пленарен состанок на двете делегации предводени од претседателите на Хрватска и Северна Македонија; 11:30-12:00 Заедничка прес – конференција на двајцата претседатели; 12:30-13:30 Средба – ручек на претседателот Пендаровски со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ; 13:40 - 14:10 Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Хрватскиот сабор, Гордан Јандроковиќ. Скопје -  Премиерот Зоран Заев ќе се обрати по повод промоцијата на инвестицискиот план на канадската компанијата „Магна“ која започна со изградба на фабрика во ТИРЗ, Струга. (Музеј на современа уметност/11:30) Скопје - Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе одржи прес-конференција посветена на Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија. (http://vlada.mk/11:00)

Скопје - Презентација на Извештајот за темелните права на Агенцијата за темелни права на Европската унија за 2021 година во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ). (х.„Александар Палас“/10:00, изјави за медиуми/9:50)

Скопје - „Македонско-романски економски форум и билатерални средби“ во организаицја на Стопанската комора на Северна Македонија, Амбасадата на Романија во Република Северна Македонија и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. (х.„Александар Палас“/11:15) Куманово - Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Абдуш Демири ќе го посети реконструираниот Центар за вработување Куманово. (Изјави за медиуми по посетата/10:00)
Скопје - Воведен настан за започнување на ГЕФ/УНЕП проектот „Промовирање на одржливо управување со земјиштето (ОУЗ) преку зајакнување на правната и институционалната рамка, градење на капацитети и реставрација на најранливите планински предели“ во организација на Програмата на ОН за животна средина (УНЕП) и Министерството за животна средина и просторно планирање (https://zoom.us/j/95660153782pwd=L2RiZ1RKb3hWaU5KSGIxdUMySUFyUT09/10:00) Скопје - Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА и Хелсиншкиот комитет за човекови права, поддржани од Коалиција Маргини, ХОПС и ЗНАМ ќе одржат панел дискусија за декриминализација на канабис со судии и јавни обвинители. (City Park Hotel, конференциска сала/14:00)
Скопје - Амбасадорот на Република Словенија Н.Е. Милан Предан, градоначалникот на град Скопје  Петре Шилегов, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски ќе присуствувааат на свеченото отворање на обележаните планинарски патеки во Скопска Црна Гора. (с.Бродец кај селската чешма/10:00 и Спировата колиба/11:20) Скопје - Национален форум на тема „Управување со цврст отпад/депонии – потреби наспроти можности“ во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Цивика мобилитас. (х.„Александар Палас“/11:00, изјави за медиуми/10:45) Скопје - Кампања на Националниот демократски институт за подигнување на јавната свест за елиминација на насилство врз жени во политиката. (Музеј на современа уметност/12:00)

Штип - Ректорот на УГДпроф. д-р Блажо Боев ќе одржи прес-конференција. екторат на УГД/10:00)

Пехчево - Промоција на нови туристички производи за авантуристички туризам во Малешевскиот регион. (село Негрево, Едукативен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион/10:30) Скопје - „ВИРТУЕЛНО ЈАС“, детска компјутерска графика во Мала станица. Скопје - Премиера на „Проблемот на Тина“ - новиот краткометражен филм на Радован Петровиќ. (МКЦ парк/21:00)
Скопје - Концерт на Скопскиот дувачки квинтет. (Музеј на македонската борба/20:00) Скопје - Концерт на класична музика и изложба на Театар Пи на тема „Мене ништо не ми пречи“.(Парк во Ѓорче Петров/20:00) Скопје - Камерен концерт од серијата настани „Филхармонија на отворено“. (Двор на Министерството за култура/10:00) __________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан