• среда, 22 мај 2024
МИА Најави МКД
29 октомври 2021  Скопје – Македонската банкарска асоцијација  ќе го одбележи Светскиот ден на штедењето – 31 Октомври. (во живо на каналот на МБА на YouTube:  https://www.youtube.com/watch?v=o5MQyeM8Mxk / 12:00) Тетово – Научната група на Факултетот за медицински науки на Универзитетот во Тетово  организира трибина на тема: „Рак на дојка – месец на подигање на свеста“. (Амфитеатар на Ректоратот/ 12:00) Скопје – Официјално отворање на Ист Гејт Мол. (главен влез, ул. „Беласица“ бр. 2/9:00) Скопје – Свечено отворање на третиот Пчеларски саем на Македонија. (плоштад „Македонија“/ 11.30) Скопје – Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) ќе одржи настан со неколку различни содржини – промоција на публикација, конференција и изложба кои во фокус ги имаат жените во историјата и историографијата на жените во периодот помеѓу двете светски војни. (НУБ „Св. Климент Охридски“/ 13:00) Битола – Трет Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО на тема: „Креативните индустрии - мост на иднината меѓу културата и креативната економија / Ковид-19 предизвици“. (Општина Битола/ 11:00) Битола – Премиера на „Три“, театарска претстава на знаковен јазик. (Центар за култура, голема сала/ 18:00) Скопје – Промоција на книгата „Изразите на албанскиот музички фолклор во Дервен, Северна Македонија” од Јесир Хоџа и Музиколошка трпеза. (КИЦ, Салон 19:19/ 18:00) Скопје – „Изложба на фотографии од Ататурк до Републиката„ и „Конференција за реформите на Ататурк и Републичките достигнувања“ организирани по повод 98- годишнината на Република Турција. (Музеј на Македонската борба за самостојност/ 15:00) Куманово – Отворање на првата „Ретроспективна ретроактивна изложба“ на Дороти Пачкова. (НУЦК „Трајко Прокопиев/ 14:00) Скопје – Почнува 12-то издание на Десонанз фестивалот. (преку YouТube каналот на Десонанз Фестивал) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан