• вторник, 14 мај 2024
МИА Најави МКД
8 јули 2022
Скопје - Министерот за правда Никола Тупанчески ќе се обрати на конститутивната седница за Граѓански законик. (Клуб на пратеници/10:30)
Виена - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе учествува на неформален министерски состанок на Енергетската заедница кој што ќе се одржи во Баден,Виена.
Скопје -  Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, Александар Костиќ од МЗ „Галичник“ и претставници на Пивара Скопје ќе одржат прес-конференција на која ќе ја претстават програмата на годинашната културна манифестација „Галичка свадба“. (Пивара Скопје/10:00, пристигнување на медиумите/9:45) Скопје - Брифинг и разгледување на новата поставка на Музејот на Народната банка посветена на обележјата на македонските банкноти „Вредности и вредности“. (Музеј на Народната банка, зграда на Народна банка, спореден влез кај Архивата/10:00, изјави не се предвидени) Битола - Завршна конференција на проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот во прекуграничниот регион“, во организација на Центар за климатски промени- Скопје. (х.„Капри“/11:00) Скопје - Презентација на Вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво, кој го спроведува Проектот за подобрување на социјалните услуги, имплементиран од Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка. (ДХО „Даре Џамбаз“/12:00)

Скпје - Форум Еуропеум 2022 - „Западен Балкан и ЕУ во 2022 година: што претстои?“ во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ). (х.„Холидеј ин“/10:00, онлајн https://us06web.zoom.us/webinar/register/WN_6PDd98-vQLarPcGQvdQpjQ, изјави за медиуми/9:45)

Скопје - Државниот завод за ревизија ќе одржи работилница за новинари. (Простории на Државниот завод за ревизија/10:00)
Тетово - Претседателот на огранокот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Фатон Ахмети  ќе одржи прес-конференција. (Седиште на ДУИ/11:00)
Скопје - Македонска премиера на „Соло мод“ во режија на Тамара Котевска во рамки на годинашната програма на Фестивалот за европски филм СИНЕДЕЈС 2022. (Парк МКЦ/21:00) Скопје - Мултимедијален изложбен проект на ликовниот уметник Иванчо Талевски, „Пресек: Дама со девет камења“. (Чифте амам/20:00) Скопје - Концерт на Roggers & Harrison „Let the Guitar Play“ од Австрија. (Национална опера и балет, фоаје/21:00) __________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан