• сабота, 18 мај 2024
МИА Најави МКД
13 јануари 2021  Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 29 седница. (Голема сала/12:00)  Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/10:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (Сала 6/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за здравство. (Сала „Борис Трајковски“/12:00) Скопје - Претседателот на Национален совет за евроинтеграции, Александар Николоски ќе оствари средба со Н.Е. Георг Вуцас, амбасадор на Република Австрија. (Струшка сала/10:00) Скопје - Словенечкиот амбасадор Милан Предан ќе оствари средба со претседателот на Пратеничката група на Собранието  за соработка со Парламентот на Словенија, Александар Велјановски. (Сала на Влада/10:30)
Кичево - Министерот за здравство  Венко Филипче и министерот за економија Крешник Бектеши, утре ќе ја посетат болницата во Кичево која е во фаза на изградба, како и модуларната болница во градот. (Изјави за медиуми пред модуларната болница/10:00)
Скопје - Министерот за правда Бојан Маричиќ и амбасадорот и шеф на делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија Дејвид Гир ќе одржат прес-конференција на која ќе го презентираат проектот „Поддршка на процесот за реформа на правосудството“. (Платформа Zoom/11:00)
Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, ќе одржи средба со Иницијативниот одбор на незадоволните тутунари, Сојузот на здруженија на тутунопроизводители и претставници на откупните компании. (СЦ „Борис Трајковски“, конгресна сала, изјави за медиумите пред влезот во конгресната сала, на платото карши кугланата/13:30)
Скопје - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на АД за Стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски ќе дадат изјави. (Министерство за транспорт и врски/11:00)
Скопје - Амбасадорката на Сојузна Република Германија во РСМ Н.Е Анке Холштајн на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе му предаде донација од возила и опрема наменета за потребите на граничната полиција. (На платформата кај возен парк во кругот на МВР/11:00, изјави за медиуми)
Скопје - Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија ќе одржи прес-конференција. (https://us02web.zoom.us/j/85362472731?pwd=cjZkQUUxeUhZeWxnczRoaXhzakpFdz09/11:00)
Скопје - Одборот на кампери ке одржи прес-конференција  во врска со известувањата од Општина Сарај за дислокација на камп приколките поради енормно загадување на воздухот и прогласување на територијата за слободна туристичка зона. (Во кругот на езеро Треска/12:00)
__________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини**

Остани поврзан