• петок, 17 мај 2024
МИА Најави МКД
24 февруари 2021  Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/12:00) Скопје - Собраниската Комисија за здравство ќе ги одржи 7 и 10 седница.  (Сала 6/12:00/13:30) Скопје - Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски ќе има средба со Адела Моника Аксинте, амбасадорка на Романија. (Сала на Влада/10:30) Скопје - Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и директорот на Агенција на катастер на недвижности, Борис Тунџев, ќе одржат прес-конференција на која ќе го претстават новиот Гео портал на Националната инфраструктура за просторни податоци. (https://youtu.be/jDijrduU98g/9:45) Куманово - Министерот за здравство Венко Филипче на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од министерот за здравство на Република Србија Златибор Лончар кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата Фајзер. (Табановце, изјави за медиуми/13:30, пристигнување на медиумите/13:10)
Скопје - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на АД „Национални енергетски ресурси“ Бајрам Реџепи ќе извршат увид во изградбата на магистралниот гасовод од делницата Скопје-Тетово-Гостивар. (Во близина на нас.Пинтија/10:00, изјави за медиуми по завршување на увидот, пристигнување на медиумите пред бензинската станица на „Лукоил“ на бул. „Борис Трајковски“ 129-Пинтија/9:45)
Скопје - Министерката за образование и наука Мила Царовска, швајцарската амбасадорка Сибил Сутер и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов ќе одржат консултативна средба со раководствата на скопските средни стручни училишта и со претставници на бизнис заедницата. (Музеј на современа уметност/11:00, изјави за медиуми пред почеток на средбата)

Скопје - Фондот за иновации и технолошки развој ќе одржи прес-конференција на која ќе биде презентирана новата Програма за корпоративна иновативност. (https://us02web.zoom.us/j/89029606446 и фејсбук на ФИТР/11:00)

Скопје - Втора сесија на Работната група 5 (Животна средина – Поглавје 27) од Националната конвенција за ЕУ во РСМ (НКЕУ-МК) на тема „Аерозагадувањето од аспект на загревањето на домаќинствата и јавните установи“. (https://us02web.zoom.us/j/86548806457/10:00) Скопје - Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ ќе го промовира Извештајот од мониторингот на седум клучни институции за правата на потрошувачи и други резултати од проектот „Чувар на правдата за потрошувачите“. (х.„Мериот“, изјави за медиуми/11:00)
Скопје - Градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу и воениот аташе потполковник Ерик Густафсон ќе ја посетат Детската градинка Фидани, објект „Цвет“. (Во близина на ОУ „Лирија“/12:00)
Скопје - Прес-конференција на Алијансата за Албанците и Алтернатива. (Собрание на РСМ, прес центар/13:30)
Скопје - Прес-конференција на Синдикатот на полиција во Македонија. (Пред зградата на Јавно обвинителство/11:30)
Битола - Стручно-научна дебата „Родова еднаквост и заштита на жените од насилство: приоритет или предизвик?“ (онлајн МНД-Битола/18:00)
Скопје - Платформата за родова еднаквост, мрежа од здруженија кои работат на унапредување на родовата еднаквост и организаторки на протестите за случајот „Јавна соба“ ќе одржи прес-конференција. (Пред Јавно обвинителство, кеј Димитар Влахов бб/10:00)
Скопје - Првата детска амбасада во светот Меѓаши ќе одржи прес-конференција.(ТЦЦ Плаза/11:30)
Скопје - Националниот Блок „Не отворам врата“ ќе поднесе Иницијатива до Уставниот суд за уставна оценка на одредби од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година и Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година. (Пред  Уставен суд, изјава за медиуми/13:00)
Скопје - НУ Турски Театар премиерно ќе ја изведе претставата „Славната Флоренс“ во режија на Драгана Милошевска – Попова (http://www.turktiyatrosu.mk/tr,https://www.facebook.com/uskupturktiyatrosu/19:00)
_________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан