• вторник, 02 јули 2024
МИА Најави МКД
12 март 2021  Скопје - Седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија. (Кабинет на претседателот/13:00, по завршувањето на седницата од страна на прес службата на Кабинетот на Претседателот ќе бидат дистрибуирани соопштение, инсерти и фотографии од седницата) Скопје - Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ќе учествува на седницата на Комитет за односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи ќе учествува на секторската консултација на тема „Ефектите од работата на Секторската работна група за конкурентност и иновации и идните предизвици за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и институциите“ (зоом/10:00)  Кавадарци - Министерот за правда Бојан Маричиќ во работна посета на Кавадарци, каде што ќе има средби со градоначалникот Митко Јанчев и со претседателот на судот Лазар Нанев. (Изјави за медиуми/12:00) Кичево/Охрид - Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски ќе ги посети ТИР Зоните во Кичево и Охрид. (Компанија Костал (с.Косел,Охрид), изјави за медиуми/13:30) Скопје - Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ќе одржи прес-конференција. (Пред канцелариите на Конфедерација на слободни синдикати, ул.50-та Дивизија бр.25/12:00) Скопје - Лекарската комора на Република Македонија ќе одржи прес-конференција. (Пред Лекарска комора, бул. Партизански одреди бр.3/13:30) Скопје - Секторска консултација на тема „Ефектите од работата на Секторската работна група за конкурентност и иновации и идните предизвици за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и институциите“. (веб платформа ZOOM/10:00) Скопје - THE CHORUS PROJECT дигитален фестивал организиран од МКЦ Скопје и Апстарт Театар од Лондон. (https://mkc.mk/event/the-chorus-project-online-festival) Скопје - Концертна изведба на ремек делото на Жорж Бизе, операта „Кармен“. (Национална опера и балет/19:00) ______________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан