• сабота, 04 мај 2024
МИА Најави МКД
25 ноември 2022
Скопје – Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ќе го додели признанието „Успешни млади“ за 2021 година. (Кабинет на Претседателот или на Фејсбук и Јутуб каналот на Претседателот/ 11:00, новинарските екипи да пристигнат/ 10:30) Тирана – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери ќе ја прими наградата „Doctor honoris causa“ од Универзитетскиот колеџ „Ќириази“ во Тирана. (во зградата на Универзитетскиот колеџ „Ќириази“/ 10:00) Скопје – Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николовски ќе се сретне со  Ами Ларсон Џеин, амбасадорка на Кралството Шведска. (Канцеларија 161/ 11:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала „Борис Трајковски“/ 11:00) Скопје – Свечено отворање на новите простории на Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје. (ул. „Никола Вапцаров“ бр. 6/ 13:00) Охрид – Демонстрација на заедничка Оперативно-тактичка вежба „ХАРПУН 2022” од страна на припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ од Република Северна Македонија и Специјалниот одред за борба против тероризмот од МВР на Република Бугарија, во содејство со Одделот за воздухопловни единици при МВР на Република Северна Македонија. (Вежбата ќе се одржи на крајбрежјето на Охридското Езеро, до Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро”/ 12:30) Скопје – Меѓународна научна конференција посветена на 100 години од раѓањето на Оливера Јашар-Настева (100 години од раѓањето на Оливера Јашар-Настева: лингвистика – балканистика – македонистика). (Филолошки факултет „Блаже Конески“, амфитеатар 1/ 9:00) Тетово – Општина Тетово ќе го прогласи за „Почесен граѓанин“ познатиот албански писател Исмаил Кадаре. (х. „Меркур“/ 10:00) Скопје – АВАЈА донира амбулантно возило  на Поликлиника Чаир. (пред амбулантата во Шуто Оризари/10:45, изјави за медиумите/ 11:10 – 11:30) Скопје - Раководителите на  приватните превозници  „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ќе бидат примени од координаторите на сите советнички групи од Советот на Град Скопје. (Совет на град Скопје/ 12:30)  Скопје – Масовна акција за пошумување „Засади со љубов, за Кисела Вода”. (на повеќе локации во општина Кисела Вода/ 10:00) Скопје – Здружението за заштита и обнова на животната средина Treebanks организира садење на 2.000 дрвца во село Ајватовци. (10:00) Скопје – Јазична трибина „Јазикот културно богатство на цивилизациите“ што се одржува во рамките на манифестацијата „Денови на европско Скопје 2022“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност – Скопје. (во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“/ 12:00) Охрид – Традиционална Меѓународна конференција и проект Prehistory in the Balkans организирана од Центарот за истражување на предисторијата. Скопје – Прес-конференција по повод изложбата „Отпорност – Приказни за жени кои инспирираат промени“. (Мултимедијален центар „Мала станица“/ 11:00) Скопје – Шесто издание на престижниот вински салон „Винодонија“. (х. „Мериот“) Скопје – Концерт „Core ‘Ngrato“ на „Есенски музички свечености 2022“. (Национална опера и балет/ 20:30) Скопје – Промоција на книгата „Празно место“ од Снежана Стојчевска. (КИЦ, Салон 19:19/ 19:00) Скопје – Промоција на новите книги на академик Нада Поп Јорданова „Медицината во сликарството (една слика вреди илјада зборови) и „Генијалност и/или лудило -големите композитори и нивните ментални болести“. (Мултимедијален културен центар „Матица Ексклузив“/ 12:00)
___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан