• понеделник, 25 ноември 2024
МИА Најави МКД
27 мај 2022  Скопје - Делегација на ЕУ ќе има заедничка средба со собраниската Комисија за економси прашања, Комисијата за финансирање и буџет и Комисијата за европски прашања, на која ќе бидат презентирани заедничките заклучоци на економскиот и финансискиот дијалог помеѓу ЕУ и Република Северна Македонија. (Собрание, Сала „Борис Трајковски“/10:00) Гостивар - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и заменик-министерот за одбрана Башким Хасани ќе присуствуваaт на одбележување на 65 години од почетокот со работа на ХЕЦ Вруток, 65 години од постоењето на АД ЕСМ и ќе направат увид во регионалниот пат Маврови Анови - Жировница. -Одбележување на 65. годишнината од пуштање во употреба на хидро системот Вруток во село Вруток (11:00/новинарски прашања 12:00) -Увид на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови - Жировница (13:15/изјава за медиуми и новинарски прашања) -Посета на манастирот Свети Јован Бигорски (14:15) Охрид/Струга - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе ги посети средните стручни училишта „Ванчо Питошевски“ и „Св. Наум Охридски“ во Охрид и „Нико Нестор“ во Струга во рамки на втората фаза од кампањата за промоција на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“. (Изјава за медиумите во дворот на СОУ „Нико Нестор“/11:00) Кичево - Заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу ќе ги посети средните стручни училишта „Мирко Милески“ и „Дрита“ во Кичево. (изјава за медиумите 13:30) Тетово - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ќе присуствува на потпишувањето на Договорот за финансиска поддршка на ЈУНП „Шар Планина“ од страна на Фондот за природа ПОНТ.  (Био-фарма и ресторан Забели, Шар Планина/12:00) Тетово - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и заменик-министерот Абдулшуќур Абедини ќе извршат увид во градежните активности на системот за наводнување во Теарце. (Поаѓање (во конвоj) од пред општинската зграда на Општина Теарце/9:15, изјава за медиумите по извршениот увид) Скопје - Презентација на повикот за поднесување предлог проекти во рамките на Програмата „Know-How Exchange Programme” 2022 во организација на Амбасадата на Италија во Скопје и Централноевропската иницијатива. (х.„Мериот“/9:30) Скопје - Тркалезна маса „Преку праведна енергетска транзиција до одржлив раст и развој“ во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“. (х.„Aлександар Палас“ и https://www.facebook.com/FESSkopje/10:00) Скопје - Групацијата за преработка на месо и производи од месо при Стопанската комора ќе одржи прес-конференција на тема „Месните индустрии пред колапс-предлози за опстанок“. (Стопанска комора на Северна Македонија, 5 кат, сала 4/11:00) Скопје - Дебата на тема „Предизвиците на македонската надворешна политика“ во организација на Советот на амбасадори. (Клуб на пратеници/11:00, не се предвидени изјави) Скопје - Институтот за демократија „Социетас Цивилис“-Скопје ќе одржи онлајн дискусија „Именување по мерит: Што да очекуваме од законот за висока раководна служба“. https://us06web.zoom.us/webinar/register/WN_cwkXSirLRwaSj96QtFaoDA/12:00) Скопје - Бугарскиот културно-информативен центар (БКИЦ) во Скопје ќе одржи прес-конференција посветена на 150-годишнината од раѓањето на полковникот Борис Дрангов (простории на БКИЦ, улица „Васил Ѓоргов“ бр 5/ 10:00)  Скопје - Јавна дебата на тема „Џезот како алатка за културен и интелектуален просперитет на македонското општество“ во организација на Здружение на џез музичари и слободни уметници. (МКЦ, Џебно кино/13:00) Скопје -  Креативен Бизнис Куп Северна Македонија 2022 (Музеј на современа уметност)  Скопје - Детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во организација на Општина Карпош и Детскиот ликовен центар. (Кинотека-Библиотека,,Другарче“ спроти гимназија Никола Карев/9:00) Скопје - Промоција на книгата „Приказни за деца и животни“ од Тихомир Јанчовски. (Салон 19:19/18:00) Скопје - Промоција на книгата „Егзодусот, егејското прашање и другоста“ од Биљана Рајчинова-Николова. (Дом на културата „Кочо Рацин“/19:00) Скопје - Асоцијацијата на здруженија на одбраната, безбедноста и меѓународните односи по повод 30 годишнината на Армијата, организира изложба „Цвеќе на мирот“ одавторот Живко Поповски Цветин. (Дом на АРМ/11:00) Скопје - Отворање на изложбата на ДЛУМ „Цртеж-Експериментален цртеж“. (Дом на културата „Кочо Рацин“ - Галерија „КО-РА“/20:00) Охрид - Отворање на изложбата насловена „Рак не е само хороскопски знак“ на Сокол Марковски.(Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид, галерија Куќа на Робевци/19:00) Скопје - Изложба на проширено кино „Терански фрагменти“Терански фрагменти" на Кумјана Новакова во соработка со „Лудус“. (Културно-социјалниот простор „Центар – Јадро“/20:00)  Скопје - Концертна серија „Musica Viva на отворено“ во организација на Факултетот за музичка уметност.. (Плато пред НУ Национална Опера и Балет/19:00) Струга - Јуниор ачивмент Македонија организира Национален натпревар на ученички компании. (9:30) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан