• четврток, 09 мај 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
6 октомври 2022  Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 4/11:00)

Прага - Премиерот Димитар Ковачевски ќе учествува на првиот состанок на Европската политичка заедница посветен на енергетската и економската криза.

Скопје - Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и заменичката на постојаниот претставник на УНДП, Сања Бојаниќ ќе присуствуваат на настан за отворање на кампањата за подигнување на јавната свест за опасностите што произлегуваат од носење и злоупотреба на мало и лесно оружје (МЛО). (х.„Александар Палас“, сала 3/11:00)

Скопје - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, аташе при Амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија, Харалд Фугер и извршен директор на СОС Детско село Северна Македонија, Јулијана Накова Гапо ќе се обратат на конференцијата за размена на знаења и практики помеѓу стручни лица од Австрија и Северна Македонија на тема „Згрижување и згрижувачки семејства“. (Клуб на пратеници /9:30)

Неготино - Ден за високи гости на вежбата „Seven stars 2022“ во организација на Бригадата за Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), каде ќе биде прикажана теренска вежба на која ќе се демонстрираат активности на тактичко ниво од страна на единица од составот на Армијата на Република Северна Македонија, како земја домаќин. (Армиски полигон „Криволак“/11:30, пристигнување на медиумите на влезот во АП Криволак/11:00)

Скопје - Стопанската комора на Северна Македонија ќе одржи прес-конференција „Предлози за побрз проток на стоки на најфреквентниот граничен премин Табановце“. (Стопанска комора на Северна Македонија, сала 1, 5-ти кат/11:00)

Скопје -  Амбасадорот на Јапонија, Савада и директорката на болницата проф. д-р Даница Поповиќ Моневскаќе ќе потпишат договор.ростории на Амбасадата на Јапонија во Соравиа на 6 кат/11:00) Скопје - Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ ќе одржи конференција „Промовирање на конструктивен капитал во Северна Македонија“. (х.Хилтон“/10:30) Кавадарци - Дискусија „Привремени места како културни простори – Културно заземање и трансформација на простори во Кавадарци во организација на КСП „Подиум-Јадро“. (Дом на Култура Иван Мазов - Климе/11:00)  Штип - „Текстилијада -6“ под мотото “Плата за живот - СЕГА И ВЕДНАШ!“во организација на Здружението за заштита на работничкитеправа “Гласен Текстилец“од Штип. (Парк К’ртеке, Сутлак Штип/9:30) Скопје - Прес-конференција посветена на најновото издание на МФФ Киненова со режисерите на хрватскиот филм „Чичко“ и актерот Горан Богдан. (ЕУ хаус „Кирил и Методиј“ 52б/11:00) Скопје - Разговор со Билјана С. Црвенковска, авторка на книгата „Девет приказни за госпоѓица Сит“. (Спомен-соба „Т’га за југ“ во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“/19:00) Битола - Промоција на книгата „Непристрасноста како начело на кривичната постапка“ од авторот Никола Главинче. (Офицерски дом/19:00) Скопје - Отворање на изложбата „Стогови на времето“ на македонскиот уметник Филип Велковски. (Галерија „Пионери“/19:00) Велес - Изложба на еминентниот македонски сликар Коле Манев. (Ликовен салон/19:00) Скопје - Изложба на концептуален филигрански накит со наслов “МАМКА” на уметницата и етнолог Марија Милошевска. (НУ Музеј на Република Северна Македонија/19:00) Скопје - Свечено отворање на новата концертна сезона на оркестарот на Филхармонија - „Дамар на слободата“. (Филхармонија/20:00) ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***МИА

Тагови

Остани поврзан