• понеделник, 20 мај 2024
МИА Најави МКД
27 март 2021 

Скопје - Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмиралот Роберт Бурк ќе присуствуваат на централната свеченост за одбележување на првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО-Алијансата. (Касарна „Илинден“/11:00, пристигнување на медиумите/10:00)

Скопје - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе одржи тематски работен состанок со шефовите на ДКП на Република Северна Македонија акредитирани во земјите членки на ЕУ и постојаните претставништва во ЕУ и НАТО. (МНР, пристигнување на медиумите/8:40, инсерти амфитеатар/8:55, изјави за медиумите, сала МНР приземје/9:30) Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и раководителот на Центарот за обука на МВР, Гоце Бачанов ќе присуствуваат на промоцијата на новите полициски службеници - генерација 2019-2020 година. (Центарот за обука на МВР во Идризово/13:00, пристигнување на медиумите/12:45, https://www.facebook.com/o.spasovski) Виница - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе оствари работна посета на општина Виница и ќе изврши увид во изградба на социјална зграда. (изјави за медиуми пред социјалната зграда/10:00)

Скопје - Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов ќе одржи прес-конференција. (Седиште на Демократскиот сојуз, ул. Стале Попов бр.9 локал 4/12:00)

Скопје - Прес-конференција на Алијанса за Албанците и Алтернатива. (Собрание на Република Северна Македонија/12:00) Скопје - Независниот синдикат на полицијата ќе одржи прес-конференција. (х.„Белви“, прес-центар/12:00) Скопје - Прва дигитална климатска конференција со која ќе се одбележи годинашната акција Часот на планетата Земја во организација на Здружението за заштита на животната средина. (https://virtual.earthhour.mk/19:30) Струмица - Театарски перформанс во изведба на драмскиот ансамбл при Струмичкиот театар. (Пред платото на НУЦК „Антон Панов“/12:00) Скопје - Државното првенство за сениори во организација на Карате федерацијата на Македонија. (https://youtu.be/eVK6Bdv3hpc/9:30) _____________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан