• среда, 26 јуни 2024
МИА Најави МКД
5 јули 2020  ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020  Скопје/Пробиштип - Караванот на коалицијата „Можеме“ во Чаир (19:00) и во Пробиштип (20:30)

Прилеп - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на кафе средба со млади (Клуб „Калипсо“/12:00). Во 12:45 часот ќе го посети штандот на ВМРО-ДПМНЕ во паркот на Револуцијата, предвидена е изјава за медиуми во 13:15 часот. Во 13:20 часот ќе оствари средба со просветни работници во Амфитеатар на Могилата на непобедените.  Мицкоски ќе ја посети општина Кривогаштани (17:00), општина Крушево во (18:30) часот, општина Прилеп (20:30 часот)

 Скопје - Носител на ИЕ1, Гордана Силјаноска Давкова ќе даде изјава при отворање на регионален штаб, (Корнер на Партизанска/12:30)

-Трибина „Квалитетно и модерно образование за иднината на Македонија“. (Парк на светлината/19:00)

-Носител на ИЕ2, Владо Мисајловски, ќе даде изјава  пред Поликлиника Чаир. (12:30)

-Носител на ИЕ3, Игор Јанушев, ќе ја посети општина Зрновци. (Црква Св.Димитрија, изјава за медиуми10:30). Ќе ја посети општина Виница, во 18:00 часот предвидена е изјава кај паркот во центар. Ќе оствари средба со граѓани во Месен Комитет Јакимово и ќе има свое обраќање во 19:00 часот. Ќе оствари средба со граѓани во Месен Комитет Истибањи и ќе има свое обраќање во 19:30 часот.

-Носител на ИЕ 4, Александар Николоски во 13:15 ќе даде изјава во паркот на Револуцијата, Прилеп.

Носител на ИЕ 6, Дафина Стојаноска во Теарце, с. Варвара ќе ја посети црквата и во 10:30 часот е предвидено е изјава за медиуми

Росоман/Кавадарци/Неготино - Караванот на Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ ќе оствари средби со жителите на општините Росоман, Кавадарци и Неготино. -Носителот на листа во четвртата изборна единица и претседател на Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев ќе даде изјава за медиумите  (Плоштад во Кавадарци/19.30), изјава за медиуми (Плоштад во Неготино/20:30)

Скопје - Политичката платформа Македонски концепт ќе одржи прес-конференција на која ќе се обрати Марија Спасовска, кандидат на листата за пратеници за ИЕ 2. (Градски парк, пред споменикот на Гоце Делчев/11:00)

Скопје - Претседателката на ДОМ  Маја Морачанин и потпретседателот на ДОМ Мирослав Богдановски и двајцата кандидати за пратеници на парламентарните избори ќе одржат прес-конференција на тема „Зелен пост-корна план“. (Пред влезот на зелената партија ДОМ/11:00)
Скопје - Кандидатката за пратеник на Зона 1 од ДУИ, воедно и претседателка на Форум на жени во Сарај ќе одржи прес-конференција. (Плоштад Скендербег/13:00, пристигнување на медиумите/12:45)
___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан