• петок, 17 мај 2024
МИА Најави МКД
18 ноември 2022  Скопје - Собранието ќе ја одржи 73-та, 79-та и 91-та седница. (Сала „Македонија“/12:00/12:15/12:30) Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање. (Собрание, сала 4/12:00) Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Собрание, сала на Уставна комисија/12:30) Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (Собрание, сала 6/12:00) Скопје - Протоколарна средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери со новоименуваната грчка амбасадорка, Софија Филипиду. (Собрание, Стар кабинет/10:00) Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати пред потпишувањето договор за новата инвестиција на турската високотехнолошката компанија „Текнопанел“ во ТИРЗ Скопје. (х.„Лимак“/11:00, не се предвидени одговори на новинарски прашања) Охрид - Премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик-претседател на Владата Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми ќе направат увид на градежни работи на тунелот Кичево - Охрид. (После месноста Пресека има една голема серпентина по која од десната страна се појавува споменик на паднатите борци. Пред споменикот се врти во десно и по тој пат на околу 300 метри се стигнува до тунелите. Увидот ќе биде внатре во левиот тунел, гледано во правец Кичево - Охрид/15:00) Тунис - Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе учествува на 43-та сесија на Министерската конференција на франкофонијата во Џерба, Тунис. Тетово - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман, постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан и градоначалникот на општина Боговиње Бесник Емшиу ќе се приклучат на акцијата за засадување на садници на локацијата во непосредна близина на селото Боговиње. (Собирно место пред општина Боговиње/11:50, изјави за медиуми се планирани на локацијата) Скопје - Балкански економски форум. (х.„Хилтон“/9:00) Скопје - Канцеларијата на Народниот правобранител и Средното економско-правно училиште на Град Скопје СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ организираат настан по повод 20 Ноември, Светскиот ден на детето. (СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“/12:00) Скопје - Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе ја одржи 42-та сдница. (Простории на Агенцијата, конференциска сала, 2 кат/14:00, во живо на YouTube каналот на Агенцијата Скопје - Онлајн конференција на тема „Борбата против трговијата со луѓе преку институционални и вонинституционални механизми’’ во рамки на Регионалниот проект за спречување и борба против трговијата со луѓе (ПаКТ), имплементиран од Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ). (https://zoom.us/meeting/register/tJElduispzwpGt2cmZgkuUdXn4ooa0lClXHb/12:00) Скопје - Прес-конференција на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ). (Зграда на ССМ, 6 кат/11:00) Скопје - Семинар на тема „Стандарди и ракување при транспорт на заштитени движни културни добра во земјава и странство“ во организација на Здружението Македонски национален комитет на ИКОМ. (НУ Музеј на Република Северна Македонија/12:00) Битола - Потпишување договор за соработка, меѓу Културно – информативниот центар во Подгорица, Црна Гора и Културно и информативен центар - Битола. (Офицерски дом на ЈОУ Културен и информативен центар, свечена сала/12:00) Скопје - Отворање на групната изложба „Места на дарежливост-трансформативни станици“ во организација на КЦП Центар-Јадро. (КЦП Центар-Јадро/20:00) Струмица - Изложба на цртежи на Стефан Јакимовски - Персонификација. (Бар „наГоре“/21:00) Скопје - Концерт на класична музика со учениците од Средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ и диригентот Паскал Голоа. (Музеј на македонската борба/19:00) Скопје - МОК организира еднодневен спортско-медицински он-лајн семинар на кој ќе учествуваат македонски и меѓународни доктори-специјалисти од областа на спортската трауматологија, ортопедија, нутриционизам, допинг контрола и спортската медицина. (https://us02web.zoom.us/j/84602813864?pwd=WFdsQXIwY2lSTm5rZStDZGs4dHNHZz09, YouTube линк: https://youtu.be/xoMEKptr9zw/10:00) ________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан