• недела, 19 мај 2024
МИА Најави МКД
22 ноември 2022
Скопје – Во Собранието на Република Северна Македонија претседателите на комисиите за европски прашања и за надворешна политика, Арбер Адеми и Антонио Милошоски ќе остварат работни средби со молдавскиот амбасадор, Н.Е. Анатол Чебук. (Струшка сала/ 9:45 и 10:30) Скопје – Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ќе ја додели државната награда „22 Ноември“ за 2022 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија. (Собрание на РСМ, Кристална сала/ 12:00) Скопје – Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања, координација на економските сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи ќе учествуваат на вториот Социо-еколошки форум (СЕФ) во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Mеѓународниот центар „Олоф Палме“ и Прогрес – Институтот за социјална демократија. (х. „Александар Палас“/ 9:15, прес-конференции и изјави за медиумите во Прес-корнерот/ 11:00) Скопје – Свечена академија по повод 114-годишнината од Конгресот во Битола и Денот на азбуката на албански јазик, под покровителство на првиот потпретседател на Владата, Арган Груби. (х. „Хилтон“/ 13:00) Скопје – Прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши. (Медија центар на Владата и пренос во живо со висока ХД резолуција преку линковите: на македонски јазик https://www.youtube.com/watch?v=wcKaxsPSxjg и на албански јазик https://www.youtube.com/watch?v=OzUdLTZLdQE / 10:30) Скопје – „РЕДИ Самит“ во организација на Здружението „Иницијатива за Економски Развој на Ромите – РЕДИ. (х. „Лимак“/ 10:00), изјава за медиумите/ 10:30) Скопје - Европската Асоцијација за локална демократија – АЛДА организира настан за доделување на „Европската ознака за извонредност на управувањето“. (х. „Хилтон“/ 11:00) Скопје – Прес-конференција на Стопанската комора на Северозападна Македонија. (во просториите на Комората/ 11:15, фоторепортерите и снимателите/ 11:00) Скопје – Конференција на која ќе биде претставена и промовирана Основната студија за социјални претпријатија во Северна Македонија, изработена во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“. (х. „Александар Палас“/ 10:00) Скопје – Панел дискусија: Развивање на работните места во иднината во организација на Филозофскиот Факултет - Скопје заедно со IT Labs, како дел од Re: Imagine People Management сесиите. (во просториите на Филозофски факултет/ 17:00) Скопје - Завршна конференција: „Грижи се машки – Од свесност до вклученост – второ издание, Вклучување на мажите во превенција на родово насилство и работа со сторители со фокус на безбедноста на жртвата“. (х. „Мериот“/ 10:00) Битола – ВМРО-ДПМНЕ организира Регионална средба на Пелагонискиот регион за креирање на буџетите на општините. (х. „Милениум“, Широк Сокак 48/ 19:00) Стоби - Промоција на мобилната апликација Immersium во археолошкиот локалитет Стоби. (Театарот на археолошкиот локалитет Стоби/ 12:00) Скопје – Концерт на Ивона Нацевска, сопран и Андреј Наунов, пијано. (Национална опера и балет/ 20:00) Битола – Четврти Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО на тема: „Зајакнување на улогата на жената во аудиовизуелните медиуми“. (Културно-информативен центар Битола/ 10:00 – 20:00)
________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Тагови

Остани поврзан