• недела, 17 ноември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
8 октомври 2022 

Скопје - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе одржи редовен неделен брифинг за последните актуелности во надворешната политика. (МНР / 10:00, пристигнување на медиумите / 9:50)

Скопје - Амбасадата на Италија во Скопје и Италијанскиот институт за култура во Белград, во соработка со  Музејот за современата уметност во Скопје, организираат изложба „Современи екосистеми - потрага помеѓу уметноста и екологијата во Северна Македонија“. (Музеј на современа уметност /12:00)
Битола - Четврто издание на настанот посветен на буковската пипер „Вкусот на Буково“ во организација на „Президиум Буково“. (Дом на култура Буково /12:00)
Теарце - Манифестација „Ден на гравот“ во организација на Центарот за едукација и развој. (ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ / 12:00) Скопје - Предавање и промоција на книгата „Панк суперматизам“ на КРИК фестивал. (Социјален центар „Дуња“ /17:00) Скопје - Промоција на публикацијата „Мапирање на супкултурите“. (Социјален центар „Дуња“, ул. „Рајко Жинзифов“ 22/  19:00)
Битола - Премиера на документарниот филм „Младите се иднината“. (кино „Манаки“ / 18:00)
Скопје - Авторски концерт со музика на композиторката Ана Пандевскa во изведба на пијанистката Дуња Иванова. (Парк на Франкофонијата во општина Центар / 18:00)
Битола - Концерт на „Интерфест“ со италијанските уметници Лапо Ванучи, гитара, и Лука Ториџијани, пијано. (Офицерски дом / 20:00)
Скопје - Дванаесетто издание на ПМГ Рекордингс фестивал со наслов „Градот ме тера да пеам“. (Младински културен центар / 21:00)
Скопје - 39. Меморијален карате турнир „Грдановски Никола - Нике“ (Спортска сала Автокоманда / 10:00)
Скопје - Извршниот директор на М-тел, Марко Лопичиќ, и извршниот директор на КК Работнички Скопје,  Горан Веселиновски, ќе потпишат договор за спонзорство. (х.„Александар палас“ /12:30)
______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***МИА

Тагови

Остани поврзан