25 јули 2020
Скопје - Јавна седница на Државната изборна комисија на која ќе се објават конечните официјални резултатит од предвремените парламентарни избори. (ДИК/11:00)
Скопје - Државната изборна комисија на свечена седница ќе им ги додели уверенијата на избраните пратеници. (ДИК/12:00)
Скопје - По повод 57 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, Музејот на град Скопје организира изложба за големата трагедија која се случила на 26 јули 1963 година. (Градски парк, на платото пред споменикот Гоце Делчев/20:00)
Скопје - Прес-конференција на Независниот синдикат на полицијата. (12:00)
Скопје - Прес-конференција на МОРО Работничка партија. (пред Владата на РСМ/12:00)
Скопје - Тимот Андромета организира онлајн настан на тема „Одржување на менталното здравје кај младите и нивно активно вклучување во општеството”. (https://www.facebook.com/events/220516039120998/?ti=ls/15:00)
Скопје - „Coolest dead people“ – изложба на Кристина Карапеоска. (Галерија на МКЦ/20:00)
Битола - Изложба на фотографии „50 години традиција“- Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“- Битола. (Центар за култура/20:00)
Трпејца - Во рамки на Деветтото издание на културно-забавното лето „На зајдисонце“ ќе се одржи забавниот настан „Фаќаме риба на јадица“ (10:00) и евергрин концертот на Емилија Маринова и Јане Тодоровски (20:30)
__________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***