• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД
15 јуни 2021  Скопје – Средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со новоименуваната амбасадорка на Србија, Невена Јовановиќ. (Собрание на РСМ, Стар кабинет /10:00) Скопје – Седница на собраниска Комисија за образование, наука и спорт. (сала „Борис Трајковски“ / 11:00) Скопје – Седници на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6 / 11:00 и 11:15) Скопје - Премиерот Зоран Заев и главниот и извршен директор и претседател на ТАВ Аеродроми, Сани Шенер, ќе се обратат на настан по повод доделување на првите договори за инфраструктурни проекти на 23 општини од ТАВ-програмата. (Клуб на пратеници / 12:00; медиумските екипи да пристигнат во 11:30; Изјави по настанот) Братислава - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе престојува во работна посета на Словачка по повод официјалното отворање на Амбасадата на Република Северна Македонија во главниот град Братислава. (Официјално отворање на  Амбасадата / 14:00) Киев - Министерот за економија Крешник Бектеши во дводневна официјална посета на  Украина. Скопје – Министерката за култура Ирена Стефоска и амбасадорот на Европската Унија во државава Дејвид Гир ќе учествуваат на тркалезна маса на тема „Креативна Европа – перспективите на Западен Балкан“. (МКЦ, кино „Фросина“ /10:30) Скопје – Институтот за човекови права организира тркалезна маса на тема „Транспарентноста и соработката на Уставниот суд на Република Северна Македонија со новинарите и граѓанските организации“. (х. „Хилтон“ /10:30) Скопје – Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија ќе биде домаќин на Работната група 2 – Социјална политика и вработување / Поглавје 19). (на платформата ZOOM, https://us02web.zoom.us/w/83784147421?tk=aVbDlYMwNwNmouj9Mrg-JEsBYjh-5wPnuZEPaLHu3ZQ.DQIAAAATgeyh3RZpaWN0bkU0MFJuR3hBQ0hUQ29fZkZRAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAA&pwd=U0U5K3JUVWJna1BEejlvL2xFaGYzQT09  / 9:30-13:00) Скопје – Филозофскиот факултет во соработка со Нансен дијалог центар-Скопје ќе пушти во употреба двa ресурсни центрa за интеркултурно образование. (Филозофски факултет / 12:00) Скопје – Фондацијата „Метаморфозис“ организира „Дијалози за Дигитална агенда: Сè што сакавте да знаете за 5Г технологијата“, во рамки на проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA”, кофинансиран од Европската Унија. (на платформата ZOOM, https://techsoupglobal.zoom.us/j/93036005590?pwd=SlZYdGQ5eEtYNk14S2RiZkpQZWU0Zz09 /10:00 – 11:30) Скопје – МАНУ организира научен собир посветен на Крсте П. Мисирков. (Отворање на собирот и прва сесија на платото пред МАНУ / 9:30; втора и трета сесија во Амфитеатар на МАНУ / 12:30 и 14:00) Охрид – Втор рурален парламент на Балкан „Оживување на руралниот западен Балкан - движење кон интеграција во ЕУ“. (х. „Уникат“ /9:30) Скопје – Традиционална манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, на која градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на 34 матуранти првенци на генерацијата од 23 скопски средни училишта ќе им врачи признанија. (Градски парк, летната сцена „Школка“ /19:30) Скопје – Прес-конференција на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија по повод годинешното одржување на Парада на гордоста во Скопје. (Социјален клуб Комитет, приземје на катната гаража Беко /12:00) Скопје - Отворање на изложбата на Блашка Ми Ева „Невидливи силуети“. (Галерија „КО-РА“ - мал салон / 12:00)  Скопје – Концерт  „Сигнали“ на пијанистката Дуња Иванова. (Зелена градина на покривот на ГТЦ /19:00) Скопје – Прес-конференција на Одбојкарската федерација на Македонија и НЛБ Банка АД Скопје. (ресторан „Рагуза 360“-  rooftop, ул. „М.Х. Јасмин“ бр. 1/1 /12:00) __________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан