• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД
13 април 2022  Подгорица – Претседателот Стево Пендаровски ја продолжува официјалната посета на Црна Гора. Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 57-та седница. (Голема сала/12:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Претседателот на Домот на пратениците на Италијанската Република Роберто Фико во посета на Собранието на Република Северна Македонија: -средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. (сала „Длаборез“/10:15-11:00) -изјави за медиуми на Џафери и Фико. („Кристална сала“/11:05-11:30) Скопје - Седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија. (Уставен суд/9:30) Охрид - Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи ќе ја посети компанијата „Костал“. (изјави за медиуми пред главен влез на „Костал“/13.15 на  Битиќи, заменик-амбасадорот на  Германија, Ото Граф, главниот оперативен директор и член на УО на Костал, Хансјорг Херман и на генералниот директор на „Костал“ Македонија, Виктор Мизо. Скопје -  Отворање на Компјутерски центар на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија. (пред модуларната амбуланта на Клиниката/10:00) Скопје - Стопанската комора на Северна Македонија, организира Меѓународен инвестициски форум во рамки на проектот „Газели – организирање забрзан раст за потенцијалните иновативни МСП“, во соработка со партнерските организации од Грција, Кипар и од Бугарија (х.„Холидеј ин“/9:30, изјави за медиуми/13:00) Скопје - Реплек АД Скопје ќе промовира нов производствен погон, како дел од новата развојна стратегија на компанијата. (Круг на фабриката на Реплек, населба Козле/12:00) Скопје - Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Цивика мобилитас организираат форум „Државното финансирање за поголема одржливост на граѓанските организации“. (х.„Александар Палас“/11:00) Скопје -  Дијалог за политики „Мониторинг на владеењето на правото за земјите-членки на ЕУ и кандидатите: Премостување на јазот“ во организација на Институтот за европска политика - Скопје (ЕПИ). (х.„Холидеј ин“/10:30, https://us06web.zoom.us/webinar/register/WN_poWSrEXjRGeKzRg_8bBI8A, изјави за медиуми/10:15)

Штип - Панел дискусија „Катедра Аденауер 2022: Безбедност, трговија и меѓународно право - можно влијание од руската агресија врз Украина“ во организација на Правниот факултет во Штип, Фондацијата „Конрад Аденауер“, во соработка со Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ во Брисел, Институтот за општествени истражувања – МК91 во Скопје и Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. (Универзитет „Гоце Делчев“, Правен факултет/11:00)

Битола - Ликовна изложба „Ѕидна мистерија" од уметникот Љубе Алексовски. (Центар за култура/14:00)
Скопје - Прес-конференција по повод првиот самостоен концерт на Зарина Првасевда на кој ќе биде промовиран нејзиниот прв албум насловен ЕХО. (Македонска Филхармонија, мала сала/11:00)
Скопје - Прес-конференција на групата „Меморија“. (Плоштад Македонија, градска кафеана „Пелистер“/12:00)
___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан