• сабота, 18 мај 2024
МИА Најави МКД
24 октомври 2022 Скопје - Претседателот Стево Пендаровски во официјална посета на Република Полска. Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе се сретне со претседателката на Домот на пратеници на Парламентот на Чешката Република Маркета Пекарова Адамова.(Собрание на РСМ/Сала Длаборез/ 11:00 - 11:40 часот) Прага - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе учествува на Министерската конференција Прашки процес. Скопје - Светска банка организира презентација на 22. издание од серијата на извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија). (х. Мериот, Ballroom 2/10:30)  Луксембург - Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и Eвропската главна обвинителка Лаура Кодрута Ковеси ќе потпишат Работен договор за соработка меѓу двете институции. (Европско јавно обвинителство/12:00) Скопје - Гудачкиот камерен оркестар АРКО под диригентска палка на Ерхан Шукри ќе го одржи концертот “Матрешката на Анастасија“. (Камерна сала на Филхармонија/ 20:00)  Скопје - Здружение за афирмација на правата на лицата со попреченост - Икуалити го организира првиот фестивал на инклузија и уметност. („Тренд Гастро Бар“, Аеродром/12:00) _____________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***     

Тагови

Остани поврзан