• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД
1 јули 2021  Загреб - Претседателот Стево Пендаровски, во рамките на посетата на Хрватска, ќе се обрати на деловната средба меѓу стопанственици на двете земји со фокус на инвестиции, организирана во соработка со Хрватската трговска комора. (9:00-10:30) Охрид/Отешево - Почнува „Преспа форум дијалог“. Охрид - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе одржи прес-конференција на која ќе информира за почетокот и текот на првата меѓународната конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог – “Западен Балкан:. (х.„Метропол, сала „Лабино“/12:15)  Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Законодавно-правната комисија ќе ги одржи 71 и 72 седница. (Сала 6/14:00/14:10) Скопје - Министерот за здравство Венко Филипче, директорот на Клиника за неврологија Иван Барбов, претставник од Комисијата за ретки болести и Претседателот на македонско невролошко здружение- Драгана Петровска- Цветковска ќе одржат прес-конференција. (х.„Карпош“, летна тераса/10:00, изјави за медиуми по настанот)

Кавадарци - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев ќе извршат увид во реконструкција на локални улици во рамки на проектот „Поврзување со локални патишта. (ул.„Браќа Џуневи“, изјави за медиуми10:00)

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа ќе присуствува на свечена церемонија со која официјално се затвора проектот „Воведување и спроведување на мерките за Заедничко уредување на пазарите“. (х.„Александар Палас“/11:30, изјави за медиуми/12:15)

Скопје - Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска ќе одржи прес-конференција по повод ,,Две години МојДДВ со граѓаните”. (Плато во дворот на Генералната дирекција, бул.„Кузман Јосифовски Питу“ бр.1/10:00)

Скопје - 39. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка. (е-платформата „Вебекс“/14:00) Тетово - Свечена академија по повод 250 годишнината од раѓањето на просветителот, народниот учител и игумен на Лешочкиот манастир Кирил Пејчиновиќ- Тетоец во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи. (Плато пред Музеј на тетовскиот крај/20:30) Скопје - Книжевен настан  „Фини деца со сликовници“ во организација на Темплум. (МКЦ/18:30) Отешево - Регионален концерт за одбележување на укинувањето на роамингот на Западен Балкан во организација на РСС. (Плажа „Лејк вју“/19:00) Скопје - Концерт насловен „Патување низ Европа” на Марко Поп Ристов – виолина и Марија Вршкова – пијано. (Музеј на македонската борба/20:00) __________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини  

Остани поврзан