• среда, 15 мај 2024
МИА Најави МКД
13 октомври 2021  Скопје - Министерката за Европа и Америка на Обединетото Кралство, Венди Мортон во дводневна посета на Република Северна Македонија. Скопје – Министерот за здравство Венко Филипче ќе се обрати на настан за подигање на свесноста за значењето на донирање органи и ткива, како и коскена срцевина во лекување и спасување човечки животи. (х. „Лимак“/ 10:00) Атина – Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија (СУНР) и Хеленскиот одбор за надзор на сметководствените и ревизорски стандарди ќе потпишат договор за стратешко партнерство. Скопје – Седми Конгрес на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК. (во МНТ/ 11:00, изјава на претседателот на СОНК/10:45) Скопје – Втор форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина. (ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ / 10:00) Скопје – Церемонија на промовирање на дипломирани студенти од генерациите 2020 и 2021 година, од додипломските и постдипломските студии на Меѓународниот балкански универзитет (МБУ ул. „Македонско - Косовска бригада“ бб/ 17:00) Скопје – Студентски саем на книгата во организација на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје. (холот на НУБ/ 10:00-17:00) Скопје – Промоција на книгата „Драми“ од Маја Стевановиќ. (во паркот пред КИЦ – Скопје/ 12:00) Кочани – Изложба на дела од Меѓународната ликовна колонија „Михајлово“ 2021. (НУЦК „Бели мугри“, Салон Фоаје 2/ 19:00) Локални избори 2021: Скопје – Изборни активности на караванот „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ меѓу граѓаните на Чучер Сандево, а централни настани каде ќе се обратат претседателот Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Велимир Смилевски ќе се одржат во Бутел (Фудбалско игралиште/ 17:00), и во Гази Баба каде ќе се обратат Заев и кандидатот за градоначалник Борис Георгиевски. (Плоштад „Филип Втори“/ 20:00) Велес – Во рамки на вториот караван ќе се обратат потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски и кандидатот за градоначалник Ненад Коциќ. (18:00) Скопје – Изјава на Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром на СДСМ и коалицијата. (во Промотивниот штаб на СДСМ во Аеродром, во Ново Лисиче, до ТЦ „Лиса“, над „Жито маркет“/ 10:00) Кратово/Крива Паланка – Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Ранковце, Пробиштип, Кратово и Крива Паланка. (Ранковце пред Општината/ 15:30), во Пробиштип (Секундарен плоштад – Амфитеатар/ 17:00), во Кратово (Плоштад „Павел Шатев“/ 18:30) и во Крива Паланка (Плоштад „Карпошово востание“ пред Општината/ 20:30) Скопје – Кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје Петар Георгиевски Камиказа ќе одржи митинг. (Кисела Вода, „Расадник“/ 18:00) Скопје – Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Ана Петровска, советничката листа на Зелен Хуман Град и членката во Советот на Виена од Австриската зелена партија, Хајди Секвенц на тема „Кале – културна тврдина“. (Скопско кале/ 12:00) Скопје – Прес-конференција на Твоја партија. (ул. „Македонија“ пред седиштето на партијата/ 11:00) Куманово – Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП. Скопје – Изборни активности на Движењето Беса. (Чаир/ 19:30) __________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан