• сабота, 18 мај 2024
МИА Најави МКД
15 јуни 2022  Скопје - Во Собранието на Република Северна Македонија ќе се одржи средба на Клубот за младински прашања и политики со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која. (Сала на Уставна комисија/10:00) Скопје - Министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман во официјална посета на Република Северна Македонија. (МНР/08:55)

 -пристигнување пред главниот влез на Министерството за надворешни работи. (08:55)

 -Tête-à-tête средба помеѓу Бујар Османи, министер за надворешни работи на Република Северна Македонија и Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни надворешни и европски работи на Република Хрватска (09:00-09:20)

-Пленарен состанок меѓу делегациите на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска (09:20-09:50)     

-Потпишување на Меморандум за разбирање меѓу министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија и Министерство за надворешни и Европски Работи на Република Хрватска во областа на дипломатска обука. (09:55)

-Прес-конференција на Османи и Грлиќ Радман. (09:55-10:15) 

-Средба на Грлиќ Радман со претседателот на Собранието, Талат Џафери. (Сала на Влада/11:50 - 12:20) -Одбележување на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Хрватска со концерт на хрватска клапа и фолклорни ансамбли од Северна Македонија и пригоден прием. (Филхармонија)
Скопје - Прес - конференција на министерот за правда Никола Тупанчески и директорот на Управата за извршување на санкции, Марјан Спасовски.(Министерство за правда/12:30)

Скопје - Презентација на резултатите на анкетата спроведена помеѓу компаниите членови на Македонско - германското стопанско здружение и оценка на деловната клима во Северна Македонија за 2022. (Ресторан Воденица, Конференциска сала/11:30) 

Скопје - Меѓународна научна конференција „Better forestry, for better forests, for a better planet”, по повод 75 години постоење на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“.(Амфитеатар на факултетот/10:00) 

Скопје - Панел дискусија на тема „Дигитална трансформација и нови можности за женско претприемништво“ во организација на Националната платформа за женско претприемништво. (х.“Double Tree by Hilton”/12:00)

Скопје -  Седница на Собранието на Националното здружение на автошколи и возачи-инструктори ОБУКА-Л и одбележување на јубилејот 30-години од постоењето на Здружението. (Факултет за безбедност, амфитеатар „1“ Колонија-Идризово бр. 2А/10:30) Скопје - Фондација Метаморфозис ќе одржи панел-дискусијата „Што можеме да направиме за поголема заштита на личните податоци на граѓаните“. (х.„Квинс“/10:00) Скопје - Прес - конференција на претставници на Управата за водење на матични книги и на Синдикатот на Упаравата. (Пред Управа за водење на матични книги/11:00) Скопје -  Противпожарниот сојуз на Македонија во соработка со Градскиот противпожарен сојуз на Скопје и Општинските противпожарни сојузи на општините од Град Скопје ( ОППС ) организираат јавна кампања  за будење на свеста кај граѓаните за потребата од заштита на шумското богатство од пожари во текот на летниот период. (Градски плоштад „Македонија“/11:00)
Скопје - Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ организира настан „Чествување на ликот и делото на проф. д-р Драги Михајловски“. (Филолошки факултет „Блаже Конески“/18:00) 
Кратово - Одбележување на јубилејот 140 години од раѓањето на Павел Шатев со научна трибина, изложба и историски час во организација на Општина Кратово, Музеј на град Кратово и Домот на култура „Лазар Софијанов“ и Институтот „Хабеас Корпус“. (Музеј на град Кратово, Дом на култура „Лазар Софијанов“/12:00) Скопје - Промоција на стрип албумот „Бестрашниот“ од авторот Дарко Богданов. (Кафе книжарница Буква/19:00) Скопје - Премиерна изведба на претставата „Вернисаж“ од Вацлав Хавел во режија на Теа Беговска. (НУ Драмски театар/20:00)  Њујорк - Рецитал на пијанистката Мимоза Ќека. (Македонски културен центар (Gallery MC)/19:00) Тетово - Десетто издание на филмскиот фестивал „Вoч aут“ во организација на Центарот за балканска соработка „Лоја“ од Тетово. (Амфитеатар на музејот на КПМ/20:00) ————————————————————————————————————————— ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан