• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД
29 септември 2020 Скопје - Средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери со амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин. (Стар кабинет/10:00) Скопје - Средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија со јапонската амбасадорка во заминување, Кеико Ханада. (Стар кабинет/13:00) Скопје - Министерката за образование и наука, Мила Царовска, градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски и претседателот на СОНК Јаким Неделков ќе посетат неколку основни училишта во општина Гази Баба пред стартот на учебната 2020/2021 година. (изјави за медиумите пред ООУ „Дане Крапчев“, ул „Маџари бр.9“/10:30) Скопје - Меѓународниот републикански институт (ИРИ) организира онлајн дискусија и презентација на бела книга „Ефективни министри: Како до резултати и доверба од граѓаните?“, на која ќе се обрати министерката за одбрана Радмила Шекеринска. (на платформата ZOOM/11:00) Скопје - Македонија2025 организира настан за претставување на Индексот на бирократија како дел од проектот „Кон намалување на бирократскиот товар“ поддржан од програмата Цивика мобилитас. (х. „Мериот“, сала Ballroom 2, кат 2/10:30-12:30, изјави за медиуми/10:45) Скопје - Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Дејвид Гир и Петре Шилегов, градоначалник на Скопје официјално ќе го отворат паркингот за велосипеди „Велоштад“ во рамките на Транспортниот центар. (на аголот од улиците „Владимир Комаров“ и „К.Ј. Питу“ т.е. паркингот до влезот на Автобуската станица во склоп на Транспортен центар/12:00) Скопје - Презентација на „Документ за јавни политики за непосредно учество на граѓаните во одлучувањето на локално ниво“ во организација на Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје (Форум ЦСИД), поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. (просторот пред мобилната галерија во паркот на Франкофонијата/12:00, изјави за медиумите пред почетокот и по завршување на настанот) Гевгелија - Зелениот карван на ЦИВИЛ ќе одржи работилница. (Народен театар, Дом на културата/11:00) Скопје - Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ќе присуствува на манифестацијата во чест на 71 година од завршувањето на Граѓанската војна, а по повод отворање на обновениот споменик и доделување награди за најдобра песна и најдобар расказ, организирана од Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија. (пред споменикот на Децата бегалци/9:30) Велес - Изјава на членот на Централниот комитет на Левица - Кочовски Бобан пред влезот на Основен Суд - Велес. (12:00) Куманово - Втор фестивал за краток филм ФИЛМАЈ 2020 - Куманово. (големата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“/19:00) Скопје - Официјално отворање на А1 Drive-in киното со проекција на годинашниот оскаровец „Паразит“ (Parasite, 2019). (на паркингот на А1 Арената/21:00) ______________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан