• недела, 19 мај 2024
МИА Најави МКД
2 август 2022 Скопје – Претседателот Стево Пендаровски по повод 2 Август – Денот на Републиката – Илинден ќе положи цвеќе на Споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните на градските гробишта во Бутел и ќе се поклони на гробот на првиот претседател Киро Глигоров, на гробот на генерал Михајло Апостолски, и на гробот на претседателот Борис Трајковски. (8:00) - Претседателот Пендаровски ќе се обрати на централна манифестацијана по која ќе ги додели одликувањата Орден на Република Северна Македонија, Орден за воени заслуги и Медал за храброст. (на платото во Кабинетот на Претседателот, централната манифестација ќе биде директно пренесувана на Јавниот сервис МРТ, на Facebook страницата на Претседателот и на YouTube каналот/9:00) - Делегација од Кабинетот на Претседателот, предводена од генералниот секретар, Миле Бошњаковски, ќе положи цвеќе на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена-борец“, на споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Северна Македонија, и на споменикот на Методија Андонов - Ченто на плоштад „Македонија“. Прохор Пчински – Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката ќе ја предводи државнo-црковната делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година. (12:30) Пелинце – Претседателот на Собранието  по повод 78-годишнината од Првото заседание на АСНОМ ќе се обрати во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. (10:25) - Положување свежо цвеќе (10:00) - Делегација од Кабинетот на Претседателот ќе положи цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ. (10:00) - Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска ќе положи свежо цвеќе на Меморијалниот центар Пелинце. (10:00) - Културно-уметничка програма на која ќе настапат „Танец“ и Ансамблот на албански народни ора и песни во РСМ (10:35) Крушево - Делегација предводена од премиерот Ковачевски ќе положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев во споменикот „Македониум“ на Гумење и на споменикот на паднатите борци на Слива.  (8:30) - Делегација од Кабинетот на Претседателот ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот на хероите на месноста „Слива“ и на Мечкин Камен. (8:30) - Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски ќе положи свежо цвеќе: на Гробот на Никола Карев, „Мекдониум“ (8:30), на споменикот на Слива „На хероите на Слива“ (9:30) и на Мечкин Камен (11:40) - Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе се обрати на централната манифестација на Мечкин Камен во Крушево по повод големиот државен празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден. ((линк до видео од настанот и обраќањето на премиерот Ковачевски на македонски јазик линк до видео од настанот и обраќањето на премиерот Ковачевски на албански јазик)11:30) - Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателот Александар Николоски ќе положи свежо цвеќе на Мечкин Камен. (изјава за медиумите/ 12:00) Смилево – Делегација од Кабинетот на Претседателот ќе положи свежо цвеќе на Могилата на Даме Груев, на споменикот на смилевските илинденци и на спомен-плочата на партизанскиот одред „Даме Груев“. Ташмаруништа – Претседателот  на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе го посети с. Ташмаруништа (Струга), при што ќе присуствува на настан на кој ќе одржи говор пред присутните по повод државниот празник Илинден. (10:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан