• недела, 23 јуни 2024
МИА Најави МКД
8 октомври 2021 Скопје - Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи ќе присуствува на презентацијата на Индексот на бирократија, кој е дел од проектот „Кон намалување на бирократскиот товар“, спроведен од „Macedonia 2025, институтот „INESSи фондацијатаFridriech Naumann“. (х. Мериот/11:00, изјави за медиуми/10:45) Куманово - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски ќе извршат увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Куманово - Страцин. (регионален пат Куманово-Страцин/13:00, медиумите да бидат на бензинска пумпа Виена Петрол, во близина на н.м. Војник, на регионалниот пат Куманово-Страцин/12:45)

Скопје - Македонската академија на науките и уметностите ќе го одбележи Денот на Академијата. (МАНУ/12:00)

Скопје - Крводарителска акција во организација на Црвен крст на РСМ - Општинска организација Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина. (Простории на Општина Аеродром/9:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Subscript“ на новосадскиот уметник Горан Деспотовски. (Чифте амам/20:00)

Скопје - Електроакустичен концерт со премиерна изведба на музика од композиторката Ана Пандевска, а во изведба на флејтистката и вокал Билјана Камчева. (Музејот на македонската борба/19:00) Битола - Концерт на „Интерфест-Битола“ со дуо пијано Михаел Кун и Кристоф Еверс од Германија. (Музеј/ 20:00) Локални избори 2021 Кочани - Изборни активности на караванот „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ во Чешиново-Облешево, Зрновци и Кочани, на кои ќе се обрати лидерот на СДСМ Зоран Заев и кандидатите за градоначалници (Чешиново-Облешево, парк на Штрк/17:30), Зрновци (Плоштад/18:40) и Кочани  (Плато пред Споменик на Слободата/20:00) Скопје - Во рамки на вториот караван на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ ќе се обратат потпретседателот Оливер Спасовски и кандидатката за градоначалничка Миликије Халими. (Арачиново/18:00) Македонски Брод/Скопје -  Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Македонски Брод (Градски плоштад/17:00) и во Скопје (Пред општина Сопиште/18:00, Аеродром, Парк „Јане Сандански“/19:30, Гази Баба, плоштад во Автокоманда/21:00) Скопје - Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП. (Аеродром и Чаир) Скопје - Изборни активности на Движењето Беса. (Арачиново/19:30) Гевгелија/Богданци - Претседателот на Левица, Димитар Апасиев и носители на листи ќе отворат канцеларии (18:00/20:00) Дебар - Изборни активности на ДУИ. Скопје - Прес-конференција на Твоја партија. (Пред Основно јавно обвинителство/13:30) __________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан