• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД
29 септември 2022 Скопје – Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието. (сала на Уставна комисија/ 10:00) Скопје – Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/ 11:00) Скопје – Пратеничката Лидија Тасевска ќе се сретне со претставници на Асоцијацијата за меѓународни односи (АРРИ), членка на Европското движење на Франција. (сала на Влада/ 10:00 – 11:00) Скопје – Претседателот на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Украина, Јован Митрески ќе се сретне со украинската амбасадорка, Лариса Дир. (Канцеларија 205/ 14:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (сала на Уставна комисија/ 14:00) Хаг – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со висока делегација од Министерството за внатрешни работи во посета на Хаг, Кралство Холандија. Скопје – Завршен настан од проектот „Подобрување на производството и дисеминацијата на статистиката“  кој се спроведуваше во Државниот завод за статистика. (х. „Мериот“/ 12:00) Скопје – Прес-конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на која ќе се обратат претседателот на СКСМ Бранко Азески и претседателот на Клубот на извозници при Комората проф. д-р Дарко Лазаров. (простории на СКСМ, сала 4, кат 5/ 11:00) Скопје – Организација на потрошувачите на Македонија организира промотивен настан во рамки на проектот: „Партнерството помеѓу граѓанските организации ја подобрува довербата на потрошувачите, животната средина и конкуренцијата!“ (Стопанска комора на Северна Македонија, Бизнис сала, кат 5/ 11:00 – 13:00) Скопје – Завршна конференција во рамките на проектот „Следење на националните активности во борбата против корупцијата“. (х. „Холидеј ин“/ 11:00, изјави за медиумите пред почетокот на настанот/ 10:30) Скопје – Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) организира јавна презентација на националната студија „Ставови и перцепции на новинарите за транспарентноста на правосудството во Северна Македонија“. (Кривичен суд, судница 1/ 13:00) Крушево – Официјално отворање на јубилејната 20. Меѓународна младинска конференција „Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа“. (х. „Монтана“/ 18:30 – 21:30) Скопје – Завршен настан на Легис за презентација на резултатите од Институционалната поддршка од Цивика Мобилитас програмата. („Јавна соба“/ 12:00) Скопје – НВО Инфоцентарот заедно со партнерските организации Спектар од Крива Паланка и Центарот на заедницата на општина Струга организира дебата посветена на придобивките и предизвиците за локалните инспектори од примената на Законот за инспекциски надзор, донесен во 2019 година. (х. „Холидеј ин“/ 11:00 – 13:00) Скопје – Катедрата за славистика по повод 75 години од основањето организира Меѓународен славистички научен собир „Славистиката во синхронија и дијахронија“. (простории на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ и на платформата ZOOM https://us06web.zoom.us/j/4823365691?pwd=ZzVVTzZiRnNZcmN0M0ZFTmFHY3NDZz09  /10:00) Штип – Еразмус + конференција со наслов: Digitalization and networking – a sustainable collaboration between Higher Education Institutions facing the challenges with the new Erasmus+ programme 2021-2027. (Кампус 2, Земјоделски факултет, свечена сала/ 9:00, изјави за медиумите/ 9:30) Скопје – Критичко преиспитување на правото, во соработка со ЕРАЗМУС Стратешкото партнерство Гео-филозофија на Балканот го организира јавниот настан „Мислејќи со Балканот“. (Национална галерија Даут Пашин амам/ 19:30) Скопје – Сеници на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. (во просторите на АВМУ, Конференциска сала , кат 2 и на YouTube каналот на Агенцијата/ 14:00, 15:14:15 и 14:30) Скопје – Трет јавен состанок на АВМУ за 2022 година. (АВМУ/ 12:00) Скопје – Под мотото „Користи срце за секое срце“ на Светскиот ден на срце, НВО Здрава иднина во соработка со лекарите кардиолози од клиниката „Жан Митрев“, организираат камп за бесплатни превентивни прегледи и консултации. (на тревникот пред болницата „Жан Митрев“/ 11:00 – 13:00, изјави за медиумите се предвидени/ 12:00) Охрид – По повод Светскиот ден на срцето,  ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид го одбележува својот јубилеј – 40 години постоење, раст и развој, во чекор со модерната кардиологија во светот, во служба на илјадници пациенти од целата земја! (Катедрална црква „Св. Софија“/ 17:00) Скопје – Вебинар „Сајбер безбедност – Како да се заштитиме во дигиталниот свет“, на албански јазик. (на платформата ZOOM/ 13:30) Скопје – Прес-конференција по повод преземањето на позицијата Гувернер на Ротари Дистриктот 1912 од страна на Раде Христовски за ротаријанската 2022/2023 година. (Јавна соба“/ 11:00) Скопје – Прес-конференција по повод новата концертна сезона на Филхармонија. (во бифе „Филхармонија“/ 11:00) Скопје – Трибина за учеството на македонските писатели – членови на ДПМ на литературните манифестации што се одржуваат во нашава Република. (Друштво на писателите на Македонија/ 11:00) Скопје – Во рамките на првото издание на ИФДТ „Игор Маџиров“ ќе се одржи работилница за кукларство под менторство на  Јакуб Максимов, театарски режисер и куклар од Чешка Република. (Театар за деца и младинци/ 12:30 – 14:30) Скопје – Прес-конференција на Ракометната Федерацијана Македонија по повод претстојното ЕХФ Европско сениорско ракометно првенство во женска категорија Women’s EHF EURO 2022, кое ќе биде организирано во SLO/MKD/MNE. (х. „Александар Палас“, сала М3 и М4/ 12:00)   ______________________________________________________________________***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан