• петок, 10 мај 2024
МИА Најави МКД
3  ноември 2020 Скопје - Продолжение на 20-тата седница на Собранието.(12:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/9:30)

Скопје - Здружението на судии ќе го промовира Протоколот за спроведување на мерки за заштита од КОВИД-19 во судовите. (Основен граѓански суд Скопје/10:30-10:45, Основен кривичен суд Скопје/11:00-11:15)

Скопје -  Промоција на публикацијата „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците“ во организација на Агенцијата за остварување на правата на заедниците. (х.„Сити Парк“/10:00)

Скопје -  Конференција на тема „Праведна транзиција и Енергетска демократија“ во организција на Изгрејсонце со поддршка на Green European Foundation – GEF од Белгија (https://us02web.zoom.us/17:00-19:40)

Скопје - Отворање на изложбата насловена „Релапс“ на Иван Ивановски. (Галерија на МКЦ/20:00)

Скопје - Со претставување на најновиот проект „Фарса” (Farsa) на каталонската пејачка Силвија Перез Круз (Sílvia Pérez Cruz) почнува ОФФест 2020. (Македонска филхармонија/20:00) _________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан