• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД
6 мај 2022  Тирана - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ќе престојува во Република Албанија каде што ќе учествува на XVIII Конференција на претседателите на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива (ЈЈИ). Скопје - Собранието на Р. Северна Македонија ќе ја одржи 57 седница. (Голема сала/11:00) Скопје - Седница на Буџетски совет на Собранието на Република Северна Македонија. (Сала 4/10:00) Велес - Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со раководството на „Маркарт“ и амбасадорката на Германија во земјава Анке Холштајн ќе ја посетат германската компанија од автомобилската индустрија „Маркарт“ и ќе направат обиколка на производните капацитети. (с. Долно Каласлари, Велес/12:30, изјави за медиумите/13:00) Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши, Амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која и деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски ќе се обратат на промоцијата на Монографија „МВР за граѓаните 2017-2021“. (х.„Лимак“, сала Лимра-6 кат/11:00, изјави за медиуми не се предвидени) Неготино - Брифинг за претстојната вежба „Swift Response22“. (Армиски полигон „Криволак“/11:00) -Министерката за одбрана, Славјанка Петровска и амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј по брифингот ќе дадат изјави за медиумите. Скопје - Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира деталите од анализата за економските активности во ТИР зоните во 202година и ефектите од спроведувањето на новиот концепт на ТИРЗ за привлекување странски инвестиции. (Прес-конференцијата ќе биде онлајн и пренесувана во живо од Медија центарот на Владата, https://www.youtube.com/watch?v=h3fT3Kp1LSc /11:00) Скопје - Синдикатот на пожарникарите на Македонија, кој е во состав на Независен синдикат на државна администрација ќе одржи прес-конференција. (Пред Центар за управување со кризи, паркинг/13:30) Скопје - Официјален почеток на пролетниот дел од досега најголемата акција за чистење и пошумување во земјата „Генералка викенд 2022“ во организација  на „Пивара Скопје“ АД Скопје.редно Водно, горен паркинг/9:30, изјави за медиуми пред почетокот на еко-акцијата, пристигнување на медиумите/9:15) Скопје - Општина Ѓорче Петров ќе се приклучи на големата еколошка акција „Генералка викенд“ на три локации, а градоначалникот Александар Стојкоски ќе се приклучи на акцијата на локацијата Јурија. (Полјана-Хром, Јурија кај „Св.Лазар“, Даме Груев-збирно место пред месна заедница/10:00) Скопје - Одбележување на патрониот празник „Св.Ѓорѓија-Низ приказната за Кисела Вода“ во организација на Општина Кисела Вода. (Пред Домот на култура “Билјана Беличанец”- Кисела Вода/18:00) Скопје - Промоција на книгата „Арбрешите помеѓу реалноста и митот“ од авторот Фатмир Точи од Албанија во организација на Општина Чаир во соработка со Институтот за духовно-културно наследство на Албанците -Скопје и Издавачката куќа Тоена. (Општина Чаир, голема сала/11:00) Куманово - Отворање на Младинскиот центар „Сакам да знам“ во организација на ХЕРА и Здравствениот дом - Куманово. (Во амбулантата „Гоце Делчев“, ул.„Бранко Богдански-Гуцман, кат 2/11:00) Скопје - Брифинг со главниот извршен директор на Македонија2025, Никица Мојсоска-Блажевска и други претставници на организацијата по повод претстојниот Самит на Македонија2025. (Клуб „ABC by Mosh“,спроти гимназијата „Орце Николов“/11:00)   Охрид - Здружението ГРАДИМЕ ИДНИНА Скопје ќе одржи прес-конференција. (Плоштад Охрид, кај Свети Климент Охридски и во Битола пред ВЕРО на Широк сокак/11:00) Скопје - Завршен настан од проектот „SEED – Проект за развој на образование за социјалното претприемништво“.  (СУГС „Раде Јовчевски- Корчагин“/10:00) Скопје - Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата по графика и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ по 35-ти пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ - ГУТЕ. (Галеријата на ФЛУ/20:00)
Скопје - Трето издание на Скопскиот градски фестивал. (МКЦ/20:00)
___________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан