• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД
21 мај 2021  Скопје - Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се обрати на настан „Акциски план 2021 - 2023 на Собранието на Република Северна Македонија: јавни консултации со граѓанското општество“. (Кристална сала во Собранието на С. Македонија/10:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/11:30) Скопје - Португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва и комесарот за соседство и проширување на Европската унија, Оливер Вархеи во посета на Северна Македонија. Скопје - Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа ќе се обратат на промоција на проектот „Национална платформа за женско претриемништво“. (х. Хилтон/10:00, изјави за медиуми/09:45)

Охрид - Првиот заменик на претседател на Владата Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми ќе извршат увид во изградбата на автопатот Кичево-Охрид. (н.м Извор во кампот на изведувачот Синохидро, пристигнување на медиуми/12:30, изјави за медиуми/13:00)

Преспа - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заменик министерката за животна средина Христина Оџаклиеска, градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски ќе присуствуваат на настан во рамки на проектот „Мониторинг и конзервација на ендемската и загрозена пастрмка“. (центар на село Брајчино/11:00, изјави за медиуми/11.30) Пехчево - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Техада, претседателката на УО на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија, Каја Шукова и градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски ќе го одбележат Европскиот ден на мрежата на Натура 2000. (Едукативен центар за зачувување на природата во с.Негрево/11:00, https://goo.gl/maps/qJ5fSu4udVR8LDwr5) Скопје - Фондот за иновации и технолошки развој онлајн ќе ги презентира резултатите од истражувањето за македонскиот стартап екосистем, спроведено од Стартап Македонија. (официјален профил на ФИТР на Фејсбук/11:00)  Скопје - Институтот за човекови права организира дискусија на тема „Уставното судство во Република Северна Македонија“. (https://us02web.zoom.us/j/82373263978/11:00) Скопје - Дискусија за Законот за висока раководна служба во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“. (https://zoom.us/webinar/register/WN_Gpr91nayQbmwPF0HA_JWlg/12:00) Куманово - Промоција на Зборникот „Навраќање кон Конески“. (Занаетчиски дом/12:00) Скопје - Промоција на книгата „Глочка школка”,од Борче Панов. (Парк пред КИЦ/17:00) Скопје - Разговор со авторот Славчо Ковилоски по повод реобјавувањето на романот „Кратката пролет на Моно Самоников“ од Димитар Солев. (Фејсбук страна на издавачката куќа „Арс Ламина'/19:00) Скопје - Премиера на претставата „Кармен“ – монодрама на актерката Билјана Драгиќевиќ – Пројковска.(НУ Драмски театар/20:00)

Битола - Прес-конференција за меѓународната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ (Национална галерија, Стара чаршија/11:00)

Битола - МНД ќе го промовира прирачникот „Ајде да зборуваме и да пишуваме правилно македонски“ (Универзитетска библиотека/13:00)

Скопје - Хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ во организација на Мрежата „Сите сити“  составена од голем број граѓански организации. (10:00-18:00) _________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан