• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД
13 ноември 2022 
Скопје -  Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посетат реконструираниот објект на полициската станица во Општина Гази Баба. (11:30, изјави за медиуми по завршувањето на посетата) 
Скопје  - По повод Денот на ослободувањето на Скопје - 13 Ноември,  владина делегација составена од министрите за правда, НиколаТупанчески и за локална самоуправа Ристо Пенов, и собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел (11:00), на Алејата на заслужните граѓани во Бутел (11.30) и на споменикот „Ослободители на Скопје”, на платото пред Владата на Република Северна Македонија (12.30)
Скопје - Манифестација „Го градам мојот град“-2022 во организација на Детскиот културен центар „Карпош“.  (https://www.facebook.com/dkckarposh и https://www.youtube.com/watch?v=4MgqgL6Oz1U/12:00)
Скопје -  Градскиот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ организира настан по повод одбележување 78 години од ослободувањето на Скопје, под слоганот „Слободата не се подарува. (парк Жена Борец/11:00)
Скопје - Воздухопловно - едукативен саем  SKOPJE AIR FAIR, во организација на Здружението за подобро воздухопловство АВИКОН. (Градски парк, Школка/11:00) 
Скопје – Отворање на изложбата „Животот и делото на Цветан Димов“ по повод 80 години од смртта на народниот херој Цветан Димов. (Музеј на Старата скопска чаршија, Сули ан/13:30)
Скопје - Концерт на фестивалот „Скупи Камерфест“, во организација на Здружението „Муза“ – Скопје. (Музеј на македонската борба/19.30)
__________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан