• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД
11 мај 2021  Скопје - Собранието ќе ги одржи 18., 26., 29., 34. и 39. седница. (Голема сала/ 12:00/ 12:15/ 12:30/ 12:45/ 13:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (Сала 6/ 11:00) Скопје - Министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија: - Свечената церемонија за пречек, потпишување во книгата за гости, тет-а-тет средба со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и заедничка средба на македонската и чешката делегација (Министерство за одбрана/9:40) - Прес-конференција на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и чешкиот министер Метнар (11:00) - Потпишување Меморандум за разбирање за техничка соработка меѓу Министерствата за одбрана и  за внатрешни работи на Северна Македонија и Министерството за одбрана на Чешка. (Клуб на пратеници, фото и видео инсерти од потпишувањето на Меморандумот/11:25) - Чешкиот министер Метнар ќе има одвоени средби со претседателот Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери (Сала „Длаборез“/ 13:15) и со претседателот на собраниската комисија за одбрана и безбедност, Миле Талевски. - Презентација за безбедноста од страна на чешкиот министер Метнар пред Комисијата за одбрана и безбедност и Собраниската делегација во ПС НАТО. (Сала „Борис Трајковски“/13:50-14:00) - Предавање за безбедноста од страна на чешкиот заменик-министер за одбранбена политика и стратегија, Јан Хавранек пред Комисијата за одбрана и безбедност и собраниската делегација во ПС НАТО. (Сала „Борис Трајковски“/14:00-14:35) Скопје - Онлајн прес-конференција на Народната банка за најновите макроекономски проекции. (12:00) Скопје - Црвениот крст на град Скопје и Швајцарскиот Црвен крст ќе одржат онлајн конференција на тема „Информирај се!Твое право, твоја сигурност!“.(https://ckgs.org.mk/forma-za-prijavuvanje-na-prashanja-i...//18:00) Скопје - Коалицијата „Менуваме со тим од стручни луѓе“ ќе оствари средба со народниот правобранител Насер Зибери на тема „Дигиталните учебници и правата на децата“. (14:30)

Скопје - Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ ќе одржи прес-конференција. (Пред МОН/ 11:00)

Скопје - Прес-конференција на вработени во спортски обложувалници. (Пред Владата/ 11:00) __________________________________________________________________   ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини  

Остани поврзан