• понеделник, 13 мај 2024
МИА Најави МКД
18 јануари 2022  Скопје - Претседателот на Владата на Република Бугарија, Кирил Петков во официјална посета на Република Северна Македонија. - Официјален почеток на посетата. (Влада/9:00) - Заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски. (хол на Влада/11:45) -Двајцата премиери официјално ќе го промовираат проектот за помош во развојот „Електронски дневник за лица со дијабетес“. (Клуб на пратеници/13:00)- средба со претседателот Стево Пендаровски (сниматели и фоторепортери во Кабинетот на претседателот во 14:30 часот) - средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери (Сала „Длаборез“/17:00-17:35) средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети (Струшка сала/17.40-18:10) - средба на координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, со заменик-претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, Кристиан Вигенин. (Кабинет бр.205/17:40-18:10) Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Кајрат Абдракхманов. (Сала на Влада, камермани и фоторепортери/9:30) Скопје - Делегации  од ветеринарните служби и институции од Република Србија и Република Хрватска во посета на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија. (изјава за медиуми во простории на Ветеринарната комора на РСМ на ул. 16та македонска Бригада/13.00) Скопје - Прес-конференција по повод првата он-лајн друштвена игра за политичка едукација „Изборологија“ во организација на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој. (Млади Хаб, канцеларија на Претседателот на РСМ/11:00) Скопје - Претседателот на Здружението за лица со посебни потреби, Ертан Шакир ќе одржи прес-конференција. (Џон Кенеди ББ бр.1/14:00) Охрид - Интернационална онлајн конференција „Цивилизација на љубовта и носталгија за соединување”, како дел од Охридската школа за хуманизам - од средниот век до денес во Европа и светот, организирана од Светската академија на хуманизмот. (13:00) Скопје - Онлајн меѓународни едукативни семинари на тема Одржливи објекти, како дел од проектот „Koн одржлива иднина: Предизвик за одржливи објекти”. (17:00) Скопје - Во сите храмови на Македонската православна црква-Охридска архиепископија ќе се одржи литургија на Свети Василиј Велики со Богојавленски водосвет.(08:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан