• вторник, 14 мај 2024
МИА Најави МКД

18 февруари 2021

Скопје – Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се сретне со Илхан Кјучук, известител за Република Северна Македонија во Европскиот парламент. (Стар кабинет/10:00-10:45) - средби на Кјучук со координаторите на пратеничката група на коалицијата „Можеме“ Јован Митрески (Канцеларија 205/10:50-11:20)  на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“  Никола Мицевски (Канцеларија 222/11:25:11:55) на пратеничката група на ДУИ Изет Меџити (Канцеларија 242/12:00-12:30) и на пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи. (Канцеларија 236/12:35-13:05) Скопје – Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (сала „Борис Трајковски“/10:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (сала 6/11:00) Скопје – Седница на Комитетот за односи меѓу заедниците. (сала на Уставна комисија/12:00) Крива Паланка - Евроамбасадорот Дејвид Гир и градоначалникот на Крива Паланка ќе го отворат објектот Европска куќа. (изјави за медиумите, Europe House наспроти општинската зграда/14:30) Скопје - Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски и извршниот директор на Пурпласт, Мехмед Шишманоглу ќе се обратат на потпишување на договор за државна помош помеѓу Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони и турската компанија Пурпласт, која реализира инвестиција во ТИРЗ Скопје. (на македонски јазик: https://youtu.be/iME4kyIbA4c, на албански јазик: https://youtu.be/W5vB4gpp2Yc /10:00) Скопје - Прес-конференција на директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Абдуш Демири. (на македонски јазик:  https://youtu.be/4vciTgNPq5Q, на албански јазик:  https://youtu.be/up9d8CGxWn0  /12:00) Скопје – Изјава за медиуми организирана од страна на СКСЗМ по средбата со ВМРО-ДПМНЕ. (во просториите на паркингот позади канцелариите на Комората/13:00-13:15) Скопје – Онлајн промоција на книгата „Јас и аутизмот“ на м-р Аниса Ејуп Беќировиќ-Трпчевска. (на ФБ-страницата „Литература.мк“/19:00)
_________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан