• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД
28 октомври 2020  Скопје - Обраќање на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери на Е-конференција за отворен парламент Акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023. (Парламентарен институт/10:00) Скопје - Виртуелно вклучување и обраќање на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери на Балкански форум против антисемитизмот, што се одржува во Тирана, Република Албанија. (Парламентарен институт, директен пренос на YouTube на https://youtu.be/7BD-D9Wacts /17:05) Скопје - Седница на собраниската Комисија за здравство. (сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала „Борис Трајковски“/13:00) Скопје - Воведни обраќања на МНР Бујар Османи, амбасадорот на Република Бугарија во РСМ, Ангел Ангелов, амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн и амбасадорот на ЕУ во земјата, Дејвид Гир, за време на Работниот појадок во организација на МНР Османи со Амбасадорите на “ЗБ6”, како дел од активностите во рамките на Заедничкото ко-претседавање на Република Северна Македонија и Република Бугарија со Берлинскиот процес.  (во просториите на МНР, место Купола, 7 спрат/10:00, сите претставници на медиумите да пристигнат до 9:45 на главниот влез на МНР) Скопје - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе присуствува на потпишување на Договор за реконструкција на трафостаница Битола-2. (изјави за медиумите во просториите на АД МЕПСО/10:30, медиумите да пристигнат 15 минути пред почетокот на настанот) Скопје - Прес-конференција на Балканската Фондација за развој од Скопје по повод објавување на резултатите од истражувањето за влијанието на климатските промени врз лозарството и винарството во Р.С.Македонија. (во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна/11:30) Скопје - Во рамки на Деновите на медиумска писменост, проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“, спроведуван од „Метаморфозис“ и „Евротинк“ со поддршка на Европската Унија, организира јавна панел дискусија на која ќе се анализираат резултатите од истражувања за медиумска писменост и критичко мислење спроведени во претходната година, како и искуствата од терен за едукација во оваа област. (настанот  ќе се одвива онлајн во живо преку Фејсбук-страницата на „КриТинк“ и Zoom платформата / 14:00) Скопје - Македонскиот институт за медиуми и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги организираат тркалезна маса на тема „Потребата и можностите за вклучување на медиумската писменост во формалното образование во Р. С. Македонија“. (Настанот ќе се организира онлајн преку платформата Zoom / 11.00) Скопје - Официјално отворање на проектот РЕАД – Регионална мрежа за културна разновидност. (Europe House/11:00, настанот може да се следи во живо и онлајн на YouTube каналот на Europe House и на Facebook профилот на Гете-институт Скопје) Скопје - Свечен собир „Димитрија Чуповски (1878 – 1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград (1902 – 1917)“. (МАНУ/11:00) Скопје - Претседателот на ДПА, Мендух Тачи ќе се сретне со амбасадорот на Австрија во Северна Македонија. (во седиштето на ДПА/11:00) Скопје - Отворање на изложбата „Како што е“ на уметникот Антони Мазневски. (Национална галерија, во објектот на Чифте амам) Скопје - Ретроспективна изложба на академскиот сликар Решат Амети со наслов „30 Години уметност“. (Даут пашин амам/10:00-18:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан