• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД
21 октомври 2020 Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/9:30) Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала „Борис Трајковски“/14:00) Скопје - Министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Радмила Шекеринска, ќе се обрати на свеченоста по повод промоцијата на потпоручници и заклетвата на питомци од Воената академија. (Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“/10:30, пристигнување на медиумите на влезот на касарната „Гоце Делчев“, нас. Аеродром/10:10) Крива Паланка - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски ќе извршат увид во инфраструктурни проекти во општина Крива Паланка. (Изјави за медиуми на регионалниот пат Крива Паланка – Луке/10:30, пристигнување на медиумите/10:15) Скопје - Државната комисија за спречување на корупција ќе одржи тематска прес-конференција во врска со Посебен извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања – Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија–2020 година. (Пред простории на ДКСК/11:30) Скопје - Втора сесија на Работната група 4 (Правда, слободи и безбедност– Поглавје 24) од Националната конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија на тема „Пандемијата и безбедноста. Како понатаму?“. (Онлајн платформа ZOOM/10:00) Скопје - Претседателката на Транспаренси Интернешнл-Македонија Слаѓана Тасева онлајн ќе го презентира проектот „Промовирање на заеднички вредности низ Европа”. (11:00) Скопје - Конференција на тема „Како институциите се справија со одливот на мозоци 2013-2020?“, во организација на Мрежата за спречување на одлив на мозоци. (Рагуза Руфтоп 360/12:00, изјави за медиуми/11:45)
Скопје - Националната Асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (НАИМ) ќе одржи прес-конференција на која ќе биде претставена иновацијата на новиот вид на заштитна маска за повеќекратна употреба за заштита против Ковид. (ЕУ Инфо центар/12:40)
Валандово - Конференција на тема „Свеста за своето Валандово 2020“ во организација на Институт за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје. (СОУ „Гоце Делчев“, голема сала, ул. „Првомајска“, бб/13:00) Скопје - Дебата на тема „Слободен пристап до информации од јавен карактер во време на Ковид-19“ во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. (Платформа ZOOM/10:30) Прага - Дигитално предавање на Ондреј Свобода - драматург, театролог, архивист, заменик директор на Театарскиот институт во Прага. (https://www.youtube.com/channel/UCdiN20fUtY067-_TWkeJMbQ/videos/20:00) Скопје - Промоција на романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски во рамки на Фестивалот на европската литература „BookStar“. (Кинотека на Северна Македонија/19:00).  __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан