• сабота, 11 мај 2024
МИА Најави МКД
22 јули 2021  Скопје – Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“ /11:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (сала на Уставна комисија /10:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (сала „Борис Трајковски“ /10:00) Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала 6 /10:30) Скопје – Премиерот Зоран Заев заедно со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, претседателот на ДУИ Али Ахмети, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Сарај, Петре Шилегов и Блерим Беџети, и инвеститорите Валдета Касапи, Самет Мислиу и Џемил Шабани, ќе се обрати по повод промоцијата на Комплексот Планет. (меѓу селата Љубин и Арнакија, Општина Сарај, локација:  https://goo.gl/maps/BwmUVnCajqDd1goM7,  /11:00) Градско – Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за Државни патишта Ејуп Рустеми, ќе извршат увид во изградба на експресниот пат Градско – Прилеп (делница Градско – Дреново). (изјави за медиуми се предвидени на почеток на трасата кај Градско  /10:15, сите заинтересирани медиуми да пристигнат на локацијата бензинска станица „Макпетрол“ после патарина Градско /10:00) Скопје – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, ќе учествува на јавна расправа на тема Нацрт - Закон за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост. (х. „Александар Палас“ /12:00) Скопје – Продолжение на 50-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата. (на платформата ZOOM, https://zoom.us/j/95657845551?pwd=YVA4YXJhZFk5ZVVtaTVUMjk5UlM5dz09   /10:00) Скопје – Прес-конференција на градоначалниците на Град Скопје и на Општина Центар, Петре Шилегов и Саша Богдановиќ. (на шеталиштето на Кејот на рекава Вардар, кај Паркот на Франкофонијата /11:30) Битола – Јубилејно 15. издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест- музика и традиција“. (Антички театар – Хераклеја /21:00) _________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан