• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД
2 септември 2022 Скопје – Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/ 9:30) Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 4/ 10:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/14:00) Скопје – Брифинг за медиуми со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, посветен на напредокот во реализацијата на социјалната реформа и Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) како нејзин инструмент на поддршка. (Клуб на пратеници/ 12:30, изјава за медиумите по брифингот) Скопје – Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски ќе даде изјава за медиумите по повод отпочнување со работа на трите нови занимални во градинката „Росица“-клон „Детелинка“. (спроти ОУ „Мирче Ацев“/ 10:00) Скопје – Средба со претставниците на медиумите по повод македонските премиерни концерти на проектот МАКЕДОНИСИМО на нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески и неговите пријатели. (простории на „Пијано центарот“ при НОБ/ 11:00) Скопје – Официјална светска премиера на филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона С. Митевска. (преку социјалните мрежи на Агенција за филм) Битола – Вечер на серенади „Ех, таа серенада“. (КИЦ Битола, платото пред Офицерски дом/ 20:00) Скопје – „Убавите жени на мојот народ“, концептуална изложба на фотографии од Славчо Максимовски. (КИЦ Скопје, Салон Империјал 1/ 19:00) Скопје – Хиперактивен агорафобик, изложба на цртежи од Ертунч Сали. (Мобилна/Монтажна галерија, Парк на франкофонија/ 20:00) Шибеник – Во рамки на Денови на македонска култура во Шибеник ќе биде промовирана книгата „Дострели на една визија“ од авторите Сашо Георгиевски и амбасадорот Љупчо Арсовски. ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

Остани поврзан