• петок, 22 ноември 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)
4 февруари 2022  Скопје - Одбележување 150 години од раѓањето на Гоце Делчев. – Претседателот Стево Пендаровски ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас. (10:00)  - Претседателот Стево Пендаровски во НУ Музеј на македонската борба, ќе ја отвори изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев (1872-2022)“ која ја организира Државниот архив, а е под покровителство на претседателот Пендаровски. (12:00)  - Делегација од Кабинетот на претседателот ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје. (10:30) - Делегација од Кабинетот на претседателот ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот Македонија во Скопје. (11:00) -Делегација на Собранието, предводена од потпретседателот Горан Мисовски во состав Марија Георгиевска и Велика Стојкова-Серафимовска, по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев ќе положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев. (Црква Свети Спас /10:00) - Делегација составена од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев. (Црква Свети Спас/10:00) - Владина делегација составена од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и советникот на премиерот Едмонд Адеми ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје (10:30), а на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот Македонија во Скопје. (11:00) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе присуствува на свеченото отворање на изложбата по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, организирана од Државниот архив под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија. (Музеј на македонската борба/12:00)- Делегација на Владата на Република Северна Македонија составена од министерката за култура Костадиновска Стојчевска и заменичката министерка за надворешни работи Фатмире Исаки ќе положи венец заедно со делегации од Република Бугарија на гробот на Гоце Делчев. (Црква Свети Спас/13:00) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе положи цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата Св. Спас. (9:30, изјава за медиумите по положувањето цвеќе) Штип - Во чест на 150-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер и учител Гоце Делчев, Факултетот за образовни науки при УГД – Штип организира настан на платформата Мајкрософт Тимс.(12:00) Брисел - Втор ден од посетата на премиерот Димитар Ковачевски на Брисел. Баку - Министерот за економија, Крешник Бектеши придружуван од Бајрам Реџепи, директор на „Национални енергетски ресурси“ АД ќе присуствува и ќе се обрати на Осмиот министерски состанок на Советодавниот совет на Јужниот гасен коридор што се одржува во главниот град на Азербејџан, Баку. Скопје - Трибина насловена „Македонската кауза - 150 години од раѓањето на Гоце Делчев" по повод 150 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев во организација на Левичарскиот институт „Рацин“.(Кино Фросина, МКЦ/18:30) Македонска Каменица - Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и раководителите од Секторот за операции и координација во работна посета на Македонска Каменица. 

- Потпишување меморандум за соработка во областа на кризниот менаџмент. (Општина Македонска Каменица/10:00 до 10:45)

- Работна средба за соработка во областа на кризниот менаџмент со дел од раководството на Рудникот САСА“, поврзан со сферата управување со кризи во нивната фирма. (11:15 до 12:15)

- Посета на противпожарната единица ТППЕ Македонска Каменица - работна средба. (12:30 до 13:30)

Скопје - Амбасадорот на Јапонија во Република Северна Македонија, Хиронори Савада и директорот на Универзитетска клиника за радиологија и онкологија д-р Никола Васев че потпишат договор за грант во вредност од 79.286 евра. (Амбасада на Јапонија - Соравиа 6-ти кат/11:50) Скопје - Здружението за борба против рак „БОРКА - За секој нов ден" по повод Светскиот ден за борба против ракот ќе одржи онлајн прес-конференција. (Zoom платформа/11:00 часот) Скопје - Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандар Банка - „Правда за штедачи“ ќе одржи прес-конференција на која ќе се објават битни информации за тековната стечајна постапка. (Пред зградата на Основниот граѓански Суд Скопје/12:00) __________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан