• понеделник, 23 декември 2024

МЗ: Нов директор на Клиниката за инфективни болести, продолжени мандатите на првите луѓе на ГАК и Клиниката за психијатрија

МЗ: Нов директор на Клиниката за инфективни болести, продолжени мандатите на првите луѓе на ГАК и Клиниката за психијатрија

Скопје, 30 јануари 2024 (МИА) - Министерството за здравство информира дека поради истекување на мандат во време на предизборниот период, спроведени се конкурси во три јавно-здравствени установи, за избор на четири директорски места.

- На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, по спроведениот конкурс за нов медицински директор, избран е доктор Фадил Цана, согласно доставените документации. На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, по спроведените конкурси, мандат добија доктор Викторија Јовановска како медицински директор и Јетон Шаќири како организациски директор. На Клиниката за психијатрија, за медицински директор е назначен професор доктор Стојан Бајрактаров, појаснуваат од Министерството.

Оттаму додаваат дека сите именувани директори на јавно-здравствените установи се стручни во својата област и имаат долгогодишно искуство. бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан