• петок, 10 мај 2024

МЗТ Скопје убедлив против Сутјеска

МЗТ Скопје убедлив против Сутјеска

Златибор, 16 ноември 2023 (МИА) - Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје ја забележа втората победа во АБА 2 лигата. Аеродромци попладнево убедливо ја совладаа Сутјеска со 93:64 во 4.коло од регионалното натпреварување.

Најефикасни во македонскиот тим беа Војдан Стојановски со 17 и Душан Танасковиќ.

Во поразениот тим се истакна Дејкуан Брејси со 15 постигнати поени.

По четири одиграни натпревари МЗТ Скопје има половичен ефект, две победи и два пораза и во моментов е на четвртото место на табелата. зс/

Фото: АБА-лига

Остани поврзан