• среда, 15 мај 2024

МЗТ Скопје преку ТФТ до финалето на купот

МЗТ Скопје преку ТФТ до финалето на купот

Скопје, 17 февруари 2023 (МИА) – Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе игра во финалето на македонскиот куп „Благоја Георгиевски-Буштур“, откако во првото денешно полуфинале го совлада ТФТ со 102:61.

Аеродромци вечерва во СРЦ „Кале“ во Скопје имаа своевидно шутерско шоу кое веќе на полувремето им донесе предност од 22 разлика (53:31).

Оваа победа на МЗТ Скопје беше вистински реванш за поразот од ТФТ во ланското финале.

Дури шест кошаркари во победничкиот тим имаа двоцифрен број поени. Од нив најмногу постигна капитенот Дамјан Стојановски – 18. Во тимот од скопската населба Тафталиџе се истакна Џермејн Бишоп со 15 поени.

Во второто полуфинале вечерва ќе играат Пелистер и Феникс. зс/

Остани поврзан