МЗТ Скопје по 18-ти пат во финалето на Купот на Македонија
- Со убедлива победа над КК Пелистер Битола од 103-88 во Гевгелија, МЗТ Скопје обезбеди место во своето петто по ред, а вкупно 18-то финале во Купот на Македонија.

Гевгелија, 14 февруари 2025 (МИА) - Со убедлива победа над КК Пелистер Битола од 103-88 во Гевгелија, МЗТ Скопје обезбеди место во своето петто по ред, а вкупно 18-то финале во Купот на Македонија.
Од самиот почеток аеродромци ја презедоа контролата врз натпреварот, а бековите со агресивна игра поставија темпо кое ривалот не можеше да го следи.
Најефикасен беше Андреј Маслинко со 29 поени без промашување (10/10 од поле), Марин Петков додаде 14 поени, Војдан Стојановски додаде 11, а Андреј Магдевски 10 поени со шест асистенции.
Кај поразените, Лука Стојановски погоди пет тројки и имаше вкупно 20 поени, Мишковиќ го заврши мечот со 17 поени, а двоцифрен ефект имаа уште и Антоан со 14 и Бојиќ со 11 поени.
Утре, со почеток од 19.30 часот е закажана битката за трофејот во Купот, а противник на скопскиот тим ќе биде подобриот од дуелот Кожув и Гостивар. дс
Фото: Фејсбук/КК Пелистер