• недела, 22 декември 2024

Меџити: Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати ќе ја зајакнат соработката во здравството

Меџити: Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати ќе ја зајакнат соработката во здравството

Скопје, 5 декември 2023 (МИА) - Министерот за здравство Фатмир Меџити присуствуваше на првата министерска конференција на 28. Конференција на страните на рамковната конвенција на ООН за климатски промени, која се одржува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), од 30 ноември до 12 декември, информираат од Министерството за здравство.

Меџити истакна дека целта на овој министерски состанок, на кој присуствуваат над 100 земји од светот е унифицирање на активностите и пристапот кон климатските промени на глобално ниво.

Во рамки на COP28, тој се сретна со министерот за здравство и превенција на ОАЕ, Абдула Рахман Бин Мохамед Аловаис, која, како што се наведува, се случува првпат меѓу министрите на Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

- На средбата покажавме ентузијазам за соработка, со што се одлучи да се формира комитет под двете министерства, кој ќе работи на изготвување меморандум за соработка. Овој меморандум ќе ја зајакне соработката во областа на здравството, со цел меѓусебна размена на искуства и знаења за унапредување на здравствените системи во двете земји, вели Меџити. ир/вг/

Фото: Министерство за здравство

Тагови

Остани поврзан