• петок, 14 февруари 2025

Меџити: Работиме на долгорочни решенија кои ќе стават крај на загадувањето

Меџити: Работиме на долгорочни решенија кои ќе стават крај на загадувањето

Скопје, 14 февруари 2025 

Првиот вицепремиер на Македонија, Изет Меџити, во вчерашното интервју за „24 Анализа“ со Душица Мрѓа истакна дека Владата е целосно посветена на решавање на проблемот со загадувањето, а меѓу клучните решенија ќе бидат гасификацијата и реформите во урбаниот превоз. Според него, овие мерки ќе доведат до намалување на загаденоста за 50-70% и ќе ја намалат цената на централното греење за граѓаните.
„Инспекторатот секојдневно е на терен, како во однос на транспортот, така и во борбата против загадувањето. Сме ригорозни по ова прашање, но ваквите мерки само го ублажуваат проблемот, не го решаваат целосно,“ изјави првиот вицепремиер Изет Меџити, запрашан за ефикасноста на инспекторатите на терен.
Освен гасификацијата, вицепремиерот Меџити ги потенцираше и проектите „каршеринг“, поддршката за приватните такси компании и подобрувањето на јавниот превоз.
Обелоденувајќи ги мерките на Владата, Меџити објасни: „Помагаме и со приватни иницијативи, како проектот „каршеринг“, каде наскоро ќе бидат воведени илјада автомобили. Исто така, со Унијата на таксистите сме во преговори да ги помогнеме во замената на 200-250 автомобили од гас, нафта и бензин на електрични автомобили. Во процедура е и намалувањето на ДДВ од 18% на 2,9%. Како Влада, покрај шесте електрични автобуси што ги дадовме како донација на Град Скопје, планираме и други општини кои имаат урбан транспорт да ги поддржиме со набавка на 100-120 електрични автобуси. Постојат и дополнителни мерки со кои сметаме дека конечно ќе го решиме овој проблем.“
Дополнително, вицепремиерот Меџити е уверен дека овој пат гасификацијата ќе успее и ќе биде основа за подобрување на енергетската ефикасност и намалување на загаденоста. „Ние целосно сме посветени на решавање на причините. Убеден сум дека овој пат гасификацијата, заедно со когенеративните системи кои ќе претставуваат нов начин на снабдување со енергија за граѓаните, ќе ја намали цената за централно греење и со тоа ќе ја ублажиме загаденоста за 50-70%“.

 

Нема табу теми – Меџити потврди разговори за химната, грбот и јазикот, но не и договор

Првиот вицепремиер Изет Меџити во интервјуто за „24 Анализа“ потврди дека нема договор со премиерот Христијан Мицкоски за промена на државниот грб и химната, но дека постојат разговори на оваа тема.
„Немаме договор. Немаме,“ кратко изјави Меџити, додавајќи дека прашањето за грбот и химната останува отворено, бидејќи, според него, тие потекнуваат од комунистичко време и не ја одразуваат реалноста.
Осврнувајќи се и на статусот на албанскиот јазик во Уставот, Меџити нагласи: „Сите знаеме дека формулацијата ‘20 проценти’ е омаловажувачка за втората најголема заедница во државата, но ова се разговори што се водат.“
Сепак, тој истакна дека фокусот на Владата во моментов е на имплементација на владината програма, чии главни столбови се евроинтеграциите, правната држава, економскиот развој и децентрализацијата.
„Нема табу тема, за сè разговараме. Нема договор, бидејќи во моментот сме посветени на владината програма,“ потенцираше Меџити

 


Законот за правична застапеност ќе ја унапреди правичната застапеност, балансерот имаше контраефекти – изјави вицепремиерот Меџити

На вчерашното гостување на Изет Меџити во „24 Анализа“ со Душица Мрѓа на  се зборуваше за актуелни политички теми и владините политики. Врз основа на скорешното укинување на балансерот, Меџити беше запрашан што би го наследило овој механизам.
„Перцепцијата е дека балансерот донел значителен придонес кон суштинска застапеност, што впрочем не е така. Од 2002 до 2015 година немало таков механизам, а прогресот на правичната застапеност на Албанците и другите заедници од 2% стигна на 15-16%. Со воведувањето на механизмот ‘балансер’, темпото на правичната застапеност всушност се намали, напротив, имаше контраефект во последните години.
Моментот кога се укина, како владини партнери покажавме дека имаме демократски капацитет да ги разговараме и преговараме работите. Констатиравме дека правичната застапеност е уставна категорија која произлегува од Рамковниот договор и дека ќе се реши со посебен закон, во рамките на постојните институции, без да се формира нова институција. Владините политики не се насочени кон дополнително оптеретување на јавната администрација,“ изјави вицепремиерот Меџити, нагласувајќи дека законот за правична застапеност е поадекватно решение од балансерот.
Запрашан дали секоја институција ќе води посебна евиденција за квотите за правична застапеност, Меџити објасни дека тоа нема да биде случај.
„Во постоечките институции размислуваме на омбудсманот, кој веќе внимава на правичната застапеност, да му се дадат и казнени ингеренции. Друга опција е Агенцијата за државна администрација, а трета – Агенцијата за јазиците да се прошири со надлежност за правична застапеност. Но, најверојатно ќе одиме со Агенцијата за државна администрација, која веќе се занимава со ова прашање.
Идејата е заменик-директорот да биде овластен да внимава на правичната застапеност – на национално ниво за Албанците и другите заедници, а на локално ниво за сите заедници. Во наредниот период Владата ќе излезе со конкретно решение, кое ќе биде доставено до Венецијанската комисија, а по добивањето на нивното мислење, ќе влезе во владина и парламентарна процедура.“.

 


Меџити: Ако има улици со имиња од Русија и Украина, зошто не и од албанската историја?

Првиот вицепремиер Изет Меџити, запрашан за реакциите околу предлогот за нови имиња на улиците во Тетово, изјави дека некои работи и не треба да се преведат, наведувајќи се на примерот „Конгреси и Манастири“ кој беше оспорен од Сојузот на борци од Тетово
Меџити нагласи дека Тетово е град со огромно албанско мнозинство, но, според него, 99% од имињата на улиците, училиштата и јавните институции се поврзани со македонската историја.  
„Што има лошо во тоа во еден град со мнозинство Албанци да има улици и институции именувани по албански личности и настани?“  изјави првиот вицепремиер.
Изет Меџити потенцираше дека градоначалникот на Тетово, Билал Касами, не барал да се поставуваат имиња со албанска историја во Струмица или Гевгелија, туку во град каде Албанците се доминантно население. „Ние сме дел од Македонија. Од целиот свет има имиња на улици, но се оспоруваат дел од албанските предлози. Позастапени се датуми од Русија и Украина отколку од албанската историја во Македонија.“
Тој дополни со своето искуство: „Јас живеев на улица ‘7-ми Јули’, што е ден на српското востание. На таа улица немаше ниту еден Србин. Значи, може да има имиња од српската и руската историја, градови од Украина и целиот свет, но не може да има имиња од албанската историја?
Вицепремиерот Меџити нагласи дека стотина улици низ Македонија носат имиња поврзани со Народноослободителната борба, што, според него, не значи дека не треба да има и улици со албански називи, кои ќе ја одразуваат мултиетничката реалност на државата.

Демократско движење

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан