• недела, 02 март 2025

Меџити оствари средба со турскиот министер Фидан

Меџити оствари средба со турскиот министер Фидан

Скопје, 2 март 2025 

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, за време на официјалната посета на Истанбул се сретна со министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, каде што беше потврдена стратешката партнерска соработка меѓу двете земји.

Според Меџити, во фокусот на разговорите било зајакнувањето на економските односи и поттикнувањето на инвестициите.

Двете страни ја истакнаа важноста на заедничките проекти и конкретните чекори за проширување на билатералната трговија.

„Ја цениме Декларацијата потпишана во Истанбул за Советот на високо ниво за соработка како значаен чекор кон долгорочно и стабилно партнерство,“ напиша Меџити по средбата.

Меџити, во рамките на посетата на Истанбул, оствари средба со скопјанецот Сабри Демири, актуелен советник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Во градот Истанбул, каде што се среќаваат два континента и каде што историјата зборува со величественост, имав задоволство да го запознаам мојот пријател, Сабри Демири.

Албанец од Чаир, Скопје, син на нашата земја, кој со визија, труд и посветеност успеа да стане еден од најдоверливите советници на претседателот на Турција. Историја на успех која не доаѓа случајно, туку како резултат на албанскиот дух што не застанува пред ниту еден предизвик.

Оваа средба не беше само пријателски разговор, туку и момент на национална гордост. Бевме двајца скопјани, во еден од најголемите метрополи во светот, сведочејќи уште еднаш дека Албанците не познаваат граници кога станува збор за успехот. Секогаш е чест и гордост да се види сонародник кој постигнува големи успеси!“, напиша Меџити.

Демократско движење

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан