• вторник, 19 ноември 2024

Меџити на средба со светските лидери на Конференцијата на ОН за климатски промени во Азербејџан

Меџити на средба со светските лидери на Конференцијата на ОН за климатски промени во Азербејџан

Скопје, 10 ноември 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска отпатува во официјална работна посета на главниот град на Азербејџан, Баку, каде утре почнува 29. Конференција на Обединетите нации за климатски промени, позната како Конференција на страните - COP29.

Како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, Меџити, кој заедно со министерката за енергетика и рударство Сања Божиновска е дел од високата државна делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на COP29 ќе биде дел од средбите на светските лидери на кои ќе се разговара за Парискиот договор и целта да се зголемат амбициите за климатската акција.

Самитот за климатски промени, како што се наведува, служи како платформа за ветувања, обврски и акциски планови во согласност со целите на Парискиот договор, додека учесниците се шефови на држави и високи државни службеници од целиот свет. мд/дма/

Фото: МЖСПП 

 

Остани поврзан