• четврток, 26 март 2026

Меџити на почнувањето на реконструкцијата и проширувањето на водоводната мрежа во тетовска Вонвардарска

Меџити на почнувањето на реконструкцијата и проширувањето на водоводната мрежа во тетовска Вонвардарска

Тетово, 14 мај 2025 (МИА) - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ќе присуствува на отпочнување на реконструкцијата и проширувањето на примарната водоводна мрежа во населбата Вонвардарска во Тетово, соопшти неговиот кабинет.

Реконструкцијата и проширувањето е во должина од 2600 метри, инвестиција од над 15 милиони денари, која е дел од проектите финансирани преку потпрограмата АА - Инфраструктурни проекти во општините за 2024 година од страна на Владата.са/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан