• недела, 22 декември 2024

Меџити: Конгресот не избра, конгресот треба да не разреши

Меџити: Конгресот не избра, конгресот треба да не разреши

Скопје, 23 мај 2023 (МИА) - Пратеникот од ДУИ Изет Меџити вечерва изјави дека тој е потпретседател и член на партијата, и така ќе биде и понатаму.

Во емисијата Клик Плус на ТВ 21 Меџити рече дека тој и петмината негови партиски колеги од т.н „огнена група“ не се „самоисклучиле” и остануваат дел од ДУИ. Доколку конгресот одлучи да ги разреши, додаде тој, тогаш е сосема поинаку, затоа што конгресот ги избрал, а не неколку ченови на ДУИ. 

Меџити упати критики кон раководството на ДУИ посочувајќи дека во партијата има целосна анархија и не се знае кој ги носи одлуките, не се консултира членството и не се дебатира за важни теми, а се закажуваат и тајни состаноци. ев/

ФОТО: МИА Архива 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан