• петок, 22 ноември 2024

Меѓународна поетска манифестација „Лирски треперења" во Крива Паланка

Меѓународна поетска манифестација „Лирски треперења

Крива Паланка,14 август 2024 (МИА) -  Во организација на НУ Центар за култура Крива Паланка, на летната сцена во градскиот парк во градот вечер ќе се одржи Меѓународната поетска манифестација „Лирски треперења".

-Манифестацијата е со традиција на одржување повеќе од една деценија и ќе биде централен летен книжевен настан во „Градот на културата". Стихови ќе читаат бројни македонски автори и  учесници од соседството, од Република Бугарија, информираат од Центарот за култура Крива Паланка.

Настанот ќе биде отворен во 20 часот - ќе настапат искусни поети од Штип, Струмица, Велес, Скопје, Крива Паланка и Ќустендил, како и млади поети од Крива Паланка, подмладок на литературниот клуб „Калин" што работи во рамките на библиотеката „Кочо Рацин" на НУЦК.

Во Крива Паланка синоќа се одржаа два настана од програмите на „Кривопаланечко културно лето" и „Крива Паланка - Град на културата": изложба „Мантра на љубовта" на Маја Андонова-Јокиќ и уличен фестивал „Баскерфест".

ВНа изложбата „Мантра на љубовта" од Андонова-Јокиќ се претставени 25 слики од четвртата самостојна изложба на авторката, што пренесуваат љубов пресликана во уметност на платно, дела создадени со радост и бои на животот, на кои се претставени личните спиритуални искуства на Андонова-Јокиќ.

На градскиот плоштад во Крива Паланка ,пак, вторпат летово гостуваше уличниот фестивал „Баскер фест", со артисти за магија, илузија, акробати и забавувачи чијашто креативност повторно ја одушеви најмладата публика во преполниот амфитеатар во паркот.

Од Општина Крива Паланка за следната недела најавуваат богата културно-уметничка програма во рамки на манифестацијата „Крива Паланка - Град на културата". ид/хс/

Фото: плакат

 

Остани поврзан