Меѓународна конференција за применети интернет и информациски технологии на ФИКТ-Битола
- Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ), универзитетска единица на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, денеска одржа Меѓународна конференција за применети интернет и информациски технологии.
Битола, 7 ноември 2025 (МИА) - Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ), универзитетска единица на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, денеска одржа Меѓународна конференција за применети интернет и информациски технологии.
Конференцијата е во функција на усогласување на академските и индустриските иницијативи, со акцент на практичната примена на интернет и информатичките технологии во сите области на општеството, истакна деканот на ФИКТ, Благој Ристевски.

-Оваа конференција претставува важен форум за размена на знаења и искуства меѓу претставници од владините институции, универзитетите, истражувачките центри и индустријата. Посебен квалитет на конференцијата се тематските работилници од проекти во кои учествува ФИКТ, меѓу кои MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет, посветен на начините за справување со безбедносните предизвици на интернет кај учениците, родителите и наставниците и INNOFEIT EDIH – дигитален хаб, насочен кон унапредување на дигиталните вештини на наставниците и вработените во малите и средните претпријатија, како и во јавните институции, посочи деканот Ристевски.
Корганизатор на конференцијата е Техничкиот факултет „Михајло Пупин“ – Зрењанин при Универзитетот во Нови Сад, Србија, чии експерти заедно со домаќините одржаа тркалезна маса за сајбер безбедност со акцент на современите предизвици и можните решенија во заштитата на компјутерските системи и мрежи. мт/хс/
Фото: УКЛО Битола